мини|Селскиот поглавар на Кабањахе во Холандска Источна Индија во 1930-тите. Селски поглавица, селски поглавар, селски старешина, селски челник или селски началник ― водач на село, поселок или друг вид населено место кое е премногу мало за да има свој градоначалник.
За разлика од позицијата градоначалник, која означува водач на општина со седиште во град, паланка или поразвиено село со сопствена вклучена власт, титулата селски поглавица може да биде чисто церемонијална или дури и целосно неслужбена, едноставно означувајќи поединец кој има значително политичко и општествено влијание во дадена област. Ова е особено случај во денешно време, бидејќи зголемената урбанизација и напредокот во општењето значат дека повеќето села веќе се предмет на некаков облик на локална самоуправа, а со тоа и потребата од месните старешини е намалена. Сепак, во некои земји, селските старешини продолжуваат да постојат како службена владина позиција аналогна на онаа на градоначалник, или барем како советодавна или претставничка улога што посредува помеѓу малите заедници и повисоките нивоа на власт.
Употреба
Брунеј Во Брунеј, селскиот поглавица е нарекуван кетуа капмунг или кетуа кампонг на малајски јазик. Тоа е административна функција која ја води заедницата на селска административна единица, третата и најниска единица во земјата.
НР Кина Во Народна Република Кина, селски поглавица е месна самоуправа или племенска функција. Селскиот поглавица е лицето назначено да управува со област што често е едно село.
Должности и функции Селскиот поглавица има неколку службени должности во селото, а понекогаш е сметан за посредник во спорови и општ „средник“ на селските или поединечни проблеми.
Примери за поглаварство се забележани кај Зуните,Ruth Benedict. Patterns of Culture, New American Library, 1934 Кунгите и Мехинаките,Marvin Harris. Our Kind, Harper Perennial, 1989 меѓу другите. Блиските племенски водачи признати или назначени од кинеските власти, биле познати како туси, иако можеле да командуваат со поголеми области од едно село.
Индонезија Селскиот поглавица во Индонезија е викан кепала деса.
Малезија Општо земено, во Малезија, селскиот поглавица се нарекува кетуа кампунг, освен во прамалајското село каде што позицијата била викана батин. Кетуа кампунг бил назначуван и потпомогнуван од одборот за управување со селската заедница. Во Саравак, главата на традиционалната долга куќа викана туаи рума.
Филипини
Секое барангај (село) на Филипините е предводено од барангајски капетан.
Историска употреба
Кина
Во времето на Чјинг и раната републиканска ера, лицата со функцијата дибао биле службено назначени селски службеници, обично избрани од месната класа на земјопоседници и одговорни за користењето на земјиштето и границите во нивна јурисдикција.
Јапонија Во Јапонија од раздобјето Едо, селскиот старешина бил викан нануши (名主) и бил задолжен за собирање даноци, општа администрација на селото, управување со јавните природни ресурси (како што се планини, полиња, реки и океани) на селото, како и за преговори со територијалниот господар како претставник на селаните.
Поврзано
Градоначалник Оперхофд Поглавица
Наводи
Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Титули за национално или етничко водство Категорија:Политички занимања Категорија:Никулци за антропологија