Доброволск ( во превод „Доброволен град“; (1510–1938) или (1938–1947); ; ) е село во Краснознаменскиот округ во Калининградската област, Русија кое во моментот има население од 1.693 жители според пописот од 2010 година, а се наоѓа во историскиот регион Мала Литванија. Се наоѓа на приближно 17км северно од Нестеров и 30км североисточно од Гусев.
Локација Доброволск се наоѓа на приближно 12км северно од Нестеров и 15км јужно од регионалниот главен град Краснознаменск што е приближно 25км јужно од границата со Литванија, која помеѓу 1945 и 1990 година беше внатрешна граница во рамките на Советскиот Сојуз, но подоцна стана меѓународна граница. Самиот град Калининград е оддалечен приближно 150км западно на другата страна од Калининградската област .
Историја лево|мини|Литванска поема од 18 век „Пилкаинис“ за градот од локалниот поет Кристијанас Готлибас Милкус Руските извори го наведуваат датумот 1510 година како најран запис за селото, а додека најраниот зачуван запис кој бил на германски јазик датира од 1516 година под името Шлосберг, а малку подоцна се користи и името Миленберг. Сепак, се верува дека пред ова веќе постоела трговска населба. Името Пилкален првпат се појавува во записите во 1545 година во врска со спор за наследство и се смета дека потекнува од литванските жители, изведено од литванскиот термин pilkalnis, што значи насип или замочен насип.
Во 1549 година била изградена дрвена црква во развиениот пазарен град, а училиште било основано во 1550 година, а веќе од 1466 година тоа станало дел од Кралството Полска како феуд во сопственост на Тевтонскиот ред, а по неговата секуларизација во 1525 година, се нашчо под Војводска Прусија кое било вазално војводство на Кралството Полска, дел од Полско-литванскиот Комонвелт.
Од 1701 година, селото припаднало на Кралството Прусија, а помеѓу 1709 и 1711 година, населението било опустошено од чума, но било повторно населено од бран протестантски доселеници од Насау.
Кралот Фредерик Вилијам I од Прусија им доделил на Пилкален, заедно со блискиот Гумбинен (Гусев ), градски привилегии во 1725 година, а камена црква била изградена во 1756 година со користење на локално произведени полски камења. Пилкален станал административен подцентар под Гумбинен, а следеле два века умерен просперитет, во кои Пилкален станал познат по локалните земјоделски саеми и по квалитетот на локалните земјоделски производи, вклучувајќи ги сирењата и локалното пиво Пилканис.
Градот станал дел од Германското Царство за време на обединувањето на Германија во 1871 година и се наоѓал во покраината Источна Прусија до 1945 година.
Во 1886 година, градот имал население од 2.749 жители, претежно вработени во земјоделството. и се состоел од мешано население Полјаци, Литванци, Германци, Грци и Евреи.
Во 1892 година, градот го видел отворањето на железничката врска до Сталупонен (денешен Нестеров ), а во 1901 година следела теснолиниска железница до Ласденен (денешен Краснознаменск ). лево|мини|Воздушен поглед во 1930-тите Со избувнувањето на Првата светска војна, Пилкален бил нападнат од страна на руска царска армија под водство на генерал-потполковник Кан од Нахичеван во август 1914 година, и повторно помеѓу октомври 1914 и јануари 1915 година, што довело до речиси целосно уништување на градот.
По завршувањето на војната во 1918 година, бил повторно изграден со помош на Бреслау (денешен Вроцлав), кој тогаш бил во Германија и партнерски град на Пилкален.
Помеѓу 1933 и 1934 година била отворена болница со капацитет за 130 пациенти, како и спортски стадион и општински базен, а во 1938 година, за време на масовната нацистичка кампања за преименување на топонимите, нацистичката германска влада го преименувала градот од Пилкален (поради неговото литванско потекло) во Шлосберг.
Во 1944 година, во подоцнежните фази од Втората светска војна, кога Советскиот Сојуз влегол во Германија, областа била доделена на 3-тиот белоруски фронт на Црвената армија, а во последните месеци од војната, селото се нашло во центарот на жестоките борби меѓу Црвената армија и германскиот Вермахт, менувајќи ги рацете дири четири пати до 15 јануари 1945 година, кога конечно било освоено од Црвената армија. Подоцна Шлосберг повторно бил уништен, а од црквата од осумнаесеттиот век останало само неговиот камен фонт.
Шлосберг се наоѓал во делот од Источна Прусија отстапен на Советскиот Сојуз, формирајќи ја Калининградската област, и станал административен центар на краткотрајниот Пилкаленски округ се до 1947 година, кога на негово место бил формиран Краснознаменски округ, а административните функции се префрлиле во Краснознаменск бидејќи бил помалку оштетен за време на војната со што Шлосберг го изгубил својот општински статус и бил преименуван во Доброволск, што значи „доброволен град“, наводно затоа што германските војници во селото на крајот се предале на Црвената армија, наместо да продолжат да се борат.
Доброволск бил формално назначен за село (Добровольский сельский Совет) и во 1990 година неговиот општински статус бил изменет во „рурален округ“ (Добровольский сельский округ).
До крајот на дваесеттиот век, селото и неговата непосредна околина останале во голема мера уништени од воените штети. десно|мини|Зачувани стари куќи на пазарниот плоштад во 2006 година На 30 јули 2009 година, знамето и грбот на Доброволск биле одобрени.
Споменици и гробишта Иако голем дел од градот останал уништен од Втората светска војна, сепак е дом на бројни споменици и гробишта што ги одразуваат борбите од последните векови.
На пример Обелиск во спомен на пруските војници убиени во Француско-пруската војна од 1870-1871 година, а има и гробишта од Првата светска војна со гробовите на паднатите Германци и руски војници. Советски меморијален комплекс во спомен на паднатите борци од Втората светска војна, од кои приближно 5.300 се погребани тука.
Демографија Население 1875 2010 година 2.386 2.648 2.749 2.869 4.347 5.005 5.833 1.693 Доколку религијата е евидентирана од процесот на попис, податоците од пописот пред 1945 година покажуваат дека религиозната припадност на населението е претежно пруска евангелистичка. Во 1890 година, 34 лица биле евидентирани како Евреи, а 8 лица биле евидентирани како римокатолици.
Култура десно|мини|294x294пкс|Пилкалер Пилкалер Махандел, пијалак направен од пченкарен бренди/корн, колбас од црн дроб и сенф, е именуван по градот.
Значајни луѓе
Јохан Хајнрих Вломер (1726–1797), германски правник Марта Асмус (1844–?), германска писателка Ерих Дунскус (1890–1967), германски глумец Хорст Саломон (1929–1972), германски писател Ралф-Петер Дево (роден 1940), работник во германската тајна служба Бернд Алтенштајн (роден 1943), германски скулптор
Надворешни врски
Sammlung von aktuellen Bildern aus Dobrowolsk на www.ostsicht.de Pillkallen-Portal und alles über die Geschichte des Kreises und seiner Städte und Ortschaften bei GenWiki
Наводи
Категорија:Статии со извори на руски (ru) Категорија:CS1 со писмо на руски (ru) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Поранешни градови во Русија Категорија:Поранешни градови