Ace of Diamond (, македонски: Дијамантски ас) — спортска манга напишана и илустрирана од Јуџи Тераџима. Серијата се појавувала во списанието за шонен-манга на издавачката куќа Kodansha, Weekly Shonen Magazine, од мај 2006 до јануари 2015 г., а нејзините поглавја се собрани во 47 тома танкобон. Продолжението насловено како Ace of Diamond Act II излегувало од август 2015 до октомври 2022 г., со поглавја собрани во 34 тома танкобон.

Аниме-адаптација во вид телевизиска серија од 126 епизоди, во производство на студијата Madhouse и Production I.G, се прикажувала од октомври 2013 до март 2016 г. Телевизиска аниме-серија од 52 епизоди како адаптација на Ace of Diamond Act II, анимирана од Madhouse, се прикажувала од април 2019 до март 2020 г.; втората сезона, анимирана од OLM, е закажана за премиера во април 2026 г.

До јули 2025 г., мангата имала над 45 милиони примероци во оптек, што ја прави една од најпродаваните манги на сите времиња. Во 2008 г., Ace of Diamond ја добила 53-тата награда за манга на Shogakukan во категоријата „Шонен“. Во 2010 г., ја освоила 34-тата награда за манга на Kodansha за најдобра шонен-манга.

Содржина Серијата го следи Еиџун Савамура, бејзболски фрлач со необичен стил на фрлање што прави топката да се движи непредвидливо кон противникот. Првичниот план на Савамура е да се запише во месно средно училиште заедно со неговите другари и да играат бејзбол за своја душа. Меѓутоа, еден скаут од престижното средно училиште „Сеидо“ ја забележува неговата дарба и му нуди стипендија, како и шанса да стигне до националниот шампионат. По посетата на училиштето, погледот на Савамура кон иднината целосно се менува.

„Сеидо“ и нивните главни соперници се обидуваат да им помогнат на постарите ученици да стигнат до националното првенство за време на летниот турнир. По завршувањето на турнирот, матурантите ќе бидат принудени да се повлечат од клубот, но Савамура, и покрај неговиот недостиг на контрола, е решен да им помогне да постигнат успех. Подоцна, Савамура и неговите соиграчи — Сатору Фуруја, Харуичи Коминато и Казуја Мијуки — го предводат новиот клуб низ есенскиот турнир. Нивната честољубива цел е да стигнат до националниот шампионат и да го убедат тренерот Катаока дека нема потреба да поднесува оставка.

Ace of Diamond Act II продолжува да ги следи Савамура и клубот додека се подготвуваат за летниот турнир. Со новата учебна година, во бејзболскиот клуб „Сеидо“ се појавуваат нови лица. Савамура и Фуруја се натпреваруваат против клубови на национално ниво, откривајќи ги сопствените силни и слаби страни, додека истовремено меѓусебно се борат за престижната титула „ас“ на тимот. Паралелно со нив, и удирачите на „Сеидо“ напредуваат за да станат исто толку застрашувачки како нивните претходници. Со вакви подготовки, целта на „Сеидо“ е да го освои летниот турнир пред матурантите да дипломираат.

Ликови

Гласовна изведба: Рјота Осака

Гласовна изведба: Нобунага Шимазаки

Гласовна изведба: Такахиро Сакураи

Гласовна изведба: Нацуки Ханае

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2006 година Категорија:Манга од 2015 година Категорија:Манга од 2022 година Категорија:Манга од 2024 година Категорија:Аниме на Crunchyroll Категорија:OVA