Миса Тодева Јосева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Во текот на 1941 година била опфатена во младинската воспитна група, а во 1942 година била примена за член на СКОЈ. Учествувала во растурањето на летоци и илегален материјал, собирала народна помош и изработувала топла облека за борците на НОВ в ПОМ. Во јули 1943 година нејзината активност била откриена од бугарската полиција. Била затворена и одведена во Обласното полициско управление во Скопје, по 10 дена била ослободена и продолжила активно да работи во заднината. Во 1944 година била примена за член на КПМ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ