Лефтерија Јосифовска - Лефта ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, мајка на Народниот херој Кузман Јосифовски-Питу и првоборецот Мара Јосифоска.

Животопис лево|мини|Куќата на семејството Јосифоски во Прилеп. лево|мини|На Конференцијата на АФЖ, одржана на 15 декември, 1944 година. Лефтерија била избрана за Претседател на Главниот одбор на АФЖ.На сликата прима награда од Одборот на АФЖ - Србија. мини|Некролог за Лефтерија Јосифоска Таа била исконски поврзана со борбата за ослободување на Македонија од своето најрано детство. На своите деца им ја всадила вербата и идејата за бескомпромисната борба што требало да ја поведе македонскиот народ за слободување. Со почетокот на вооруженото востание нејзиниот дом во Прилеп станал свртилиште на комунистите и скоевците од градот, пружајќи им сестрана помош и поддршка на сите што престојувале кај неа и на своите деца. Во НОВ и Револуцијата загинал син ѝ, Народниот херој Кузман Јосифовски - Питу, член на ПК КПЈ за Македонија, а покасно и на ЦК КПМ и ќерката, првоборец, Мара Јосифовска. На главната конференција на АФЖ (15 декември 1944), со сите почести на мајка херој била избрана за претседател на Главниот одбор на АФЖ за Македонија.

Поврзано

Кузман Јосифоски-Питу Мара Јосифоска Аспарух Јосифоски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ