Јанаково или Јанакево (, Јанакохори; книжевно: Γιαννακοχώριον, Јанакохорион; до 1926 година: Γιαννάκοβο, Јанаково; книжевно: Γιαννάκοβον, ЈанаковонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαννάκοβον - Γιαννακοχώρι) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на седум километри северно од градот Негуш, на патот што води од Негуш за селото Голема Река, на надморска височина од 290 метри. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 18 квадратни километри.
Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).
Историја Селото порано било многу поголемо, но настрадало во времето на Негушкото востание, поради што голем дел од селаните се раселиле на сите страни.
Селото Јанаково, како и селата од целото ова подрачје, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Понт. Во 1928 година, Јанаково претставувало мешана населба со 17 бегалски семејства со вкупно 79 жители..
Во 1926 година, името на селото било променето во Јанакохорион (Γιαννακοχώρι).
Стопанство
Поголемиот дел од обработливите површини во селото се наводнуваат од реката Голема Река, поради што е развиено овоштарството, а само на ограничени површини се сеат памук и пченица.
Население
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јанакиево (Yanakievo) било село во Воденската Каза со 15 домаќинства и 70 жители.„Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.“ Македонски научен институт, Софија, 1995, стр. 158-159. Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Јанаково живееле 70 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанакиево (Yanakievo) имало 72 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
Во пописот од 1913 година било забележано со 47, а во 1920 година со 128 жители. По 1924 година тука се населиле неколку бегалски семејства (вкупно 80 бегалци), така што селото станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со 229 жители, во 1940 година со 461, во 1951 година со 418, во 1961 година со 504, во 1971 година со 444, во 1981 година со 440, а во 1991 година со 468 жители, од кои нешто повеќе од половината Македонци.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 410 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 415 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јанаково, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Кула (или Драгаца) — кула од османлиско време, прогласена за споменик на културата.
Наводи
Белешки
Категорија:Негуш