Господар на светот (), објавен во 1904 година, е еден од последните романи на францускиот писател на научна фантастика, Жил Верн. Во времето кога Верн го пишувал романот, неговото здравје се влошувало. Господар на светот е „црн роман“, исполнет со претчувства и страв од подемот на тирани како што е негативецот во романот, Робур, и тоталитаризмот. Тоа е продолжение на неговиот роман од 1886 година Робур Освојувачот.

Романот „Господар на светот“ вклучува многу научни идеи кои биле актуелни во времето на Верн, но денес се сметаат за неточни. На пример, движењето со голема брзина не доведува до намалување на тежината на возилото.

Заплет Сместен во летото 1903 година, низ источните Соединети Американски Држави се случуваат низа необјаснети настани, предизвикани од предмети што се движат со толку голема брзина што се речиси невидливи. Џон Строк, „главен инспектор во федералната полициска станица“ во Вашингтон, патува до планините Блу Риџ во Северна Каролина за да истражи. Тој открива дека сите феномени се предизвикани од Робур, брилијантен пронаоѓач.

Строк се обидува да го фати Теророт, но наместо тоа, самиот е заробен. Робур го лета возилото за да им избега на гонителите, упатувајќи се кон Карибите во бура. Возилото е погодено од гром, се распаѓа и паѓа во океанот. Строк се спасува на остатоците на возилото, но телото на Робур никогаш не е пронајдено. Читателот е оставен да одлучи дали е починат или не.

Адаптации

Во филмот Господар на светот (1961) главните улоги ги играле Винсент Прајс и Чарлс Бронсон. Едночасовен ТВ цртан специјал со исто име бил продуциран во 1976 година. Цртаниот филм комбинира елементи од приказната за Робур каде го прикажува Робур како безмилосен терорист кој се обидува да го уништи Вашингтон со моќна бомба. Потоа неговиот брод се урива во реката Потомак откако е погоден од гром. Ликот Робур се појавува и во алтернативно-историскиот роман Крвавиот црвен барон (1995) од Ким Њуман, каде што е прикажан како главен инженер на воздушен брод на Централните сили. Поглавјето во кое се опишани тој и неговиот воздушен брод го носи насловот Господар на светот. Теророт се појавува во играта Пиратите од мистериозните острови. Робур и Том Тарнер се претставени како централни ликови во стимпанк романите на Т.Е. Макартур, Дамата од вулканот: Том еден и Том два. „Теророт“ е предложен како дел од поврзаноста со оригиналните романи на Верн, Робур Освојувачот и Господар на светот. Господар на светот бил адаптиран во серијата стрипови Илустирани класици околу 1962 година. Тоа е број 163 во таа серија.

Поврзано

Научна фантастика

Категорија:Романи на Жил Верн Категорија:Статии со врски до проектот „Гутенберг“