Светско првенство во фудбал 2026 — 23. Светско првенство во фудбал, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Турнирот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година, и ќе биде игран во шеснаесет градови домаќини, единаесет во САД, три во Мексико и два во Канада. Ова, исто така, ќе биде првото издание на Светско првенство во фудбал кое ќе биде одржано во три држави и првото на кое ќе настапуваат 48 репрезентации, по проширувањето од досегашните 32.
Овие три држави ја победиле конкурентската кандидатура на Мароко за време на гласањето на 68-миот Конгрес на ФИФА во Москва. Ова ќе биде првото првенство по она во 2002 година, одржано во Јапонија и Јужна Кореја кое ќе има повеќе од еден домаќин. Со претходните домаќинства на турнирите во 1970 и 1986, Мексико станала првата земја што три пати била домаќин или ко-домаќин на Светското првенство. САД претходно биле организатори на првенството во 1994. Спротивно на тоа, ова ќе биде прв пат Канада да биде домаќин или ко-домаќин. Настанот се вратил во својот традиционален летен распоред на Северната хемисфера, откако Светското првенство 2022 во Катар се одржало во ноември и декември.
Како земји домаќини, Канада, Мексико и САД автоматски се квалификувале. Зелен ’Рт, Курасао, Јордан и Узбекистан го имале своето деби на Светското првенство.
Во финалето на ова првенство, Шпанија го совладала бранителот на титулата, Аргентина, со 1-0 по продолженија и ја освоила својата втора титула (по онаа во 2010).
Формат и проширување Идејата за проширување на турнирот се споменувала уште во 2013 година, кога била презентирана од тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, а во 2016 година, ја подржал и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Противниците на предлогот тврделе дека бројот на натпревари веќе достигнал неприфатливо ниво, дека проширувањето ќе го ослабне квалитетот на натпреварите и дека одлуката е првенствено политичка, а не спортска. Инфантино бил обвинет дека го искористил ветувањето за поголем број на учесници на Светското првенство како средство за победа на претседателските избори на ФИФА.
Од ова издание, Светското првенство е проширено на 48 екипи, 16 повеќе отколку на претходните седум турнири. Екипите ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Првите две екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани екипи ќе се пласираат во осминафиналето, во согласност со одлуката одобрена од Советот на ФИФА на 14 март 2023 година. Тоа е првото проширување и првата промена во форматот на Светското првенство од 1998.
Вкупниот број на натпревари се зголемува од 64 на 104, а екипите што ќе стигнат до последните четири натпревари ќе играат по осум натпревари наместо досегашните седум. Турнирот ќе трае 39 дена, седум повеќе од изданијата во 2014 и 2018. Секој репрезентација и понатаму ќе игра по три натпревари во групната фаза. Последниот ден од клупските обврски за играчите вклучени во конечните списоци на националните тимови е 24 мај 2026 година; клубовите мора да ги ослободат најдоцна до 25 мај, со исклучок на играчите кои учествуваат во финалето на континенталните клупски натпреварувања до 30 мај. Комбинираниот период за одмор, задолжителниот период за ослободување и времетраењето на турнирот е 56 дена, исто како и во 2010, 2014 и 2018 година.
Разгледувани формати на проширување Проширувањето на 48 екипи било одобрено на 10 јануари 2017 година, кога првично било одлучено турнирот да има 16 групи од по три екипи и вкупно 80 натпревари. Според тогашниот формат, првите две екипи од секоја група би се пласирале во шеснаесттинафиналето. Во подоцна напуштеното решение, максималниот број на натпревари по тим би останал седум, но секој тим во групата би играл еден натпревар помалку од претходно. Турнирот, сепак би бил завршен во рок од 32 дена. Овој формат бил избран во однос на три други предлози, кои предвидувале 40 до 48 национални тимови, 76 до 88 натпревари и еден до четири загарантирани натпревари по учесник.
Критичарите предупредиле дека групите од три екипи, во кои две продолжуваат понатаму, значително го зголемуваат ризикот од местење на натпревари. Затоа, ФИФА ја разгледала можноста за одлучување на нерешените натпревари во групната фаза преку изведување пенали, но дури и тогаш сè уште би постоел одреден ризик, вклучително и можноста екипата намерно да загуби по изведување на пенали со цел да го елиминира противникот. Поради овие приговори, ФИФА продолжила да разгледува други модели на натпреварување, за процесот да заврши со објавата во 2023 година, кога било потврдено дека турнирот ќе има 12 групи од по четири репрезентации.
Стадиони За време на процесот на кандидатура, 41 град со вкупно 42 постоечки и целосно функционални стадиони со редовни корисници, со исклучок на Монтреал, и два стадиони во изградба, во Лас Вегас и Лос Анџелес, се пријавиле како дел од заедничката кандидатура. Меѓу нив биле три стадиони во три мексикански градови, шест стадиони во шест канадски градови и 35 стадиони во 32 градови во САД. Во првиот круг испаднале девет стадиони во девет градови. Вториот круг го стеснил изборот за уште девет стадиони во шест градови, додека три града, Чикаго, Минеаполис и Ванкувер, се откажале бидејќи ФИФА не била подготвена да разговара за финансиските детали на организацијата. Откако Монтреал се повлекол во јули 2021 година поради недостаток на провинциско финансирање и поддршка за реновирање на Олимпискиот стадион, Ванкувер повторно се приклучил на процесот како кандидат-домаќин во април 2022 година. Ова го донело конечниот број на кандидати на 24 стадиони, секој во посебен град или метрополитенска област.
На 16 јуни 2022 година, ФИФА ги објавила 16-те градови домаќини: два во Канада, три во Мексико и 11 во САД. Избрани биле Атланта, Бостон, Далас, Гвадалахара, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Сиудад де Мексико, Мајами, Монтереј, Филаделфија, Њујорк/Њу Џерзи, Сан Франциско, Сиетл, Торонто и Ванкувер. Осум од 16-те избрани стадиони имаат трајна вештачка трева, која се заменува со трева за турнирот под надзор на ФИФА и истражувачки тим од Универзитетот во Тенеси и Државниот универзитет во Мичиген. Во зависност од климата на поединечниот стадион, за постудени услови ќе се користи или мешавина од 84% ливадска власецка и 16% повеќегодишна 'ржана трева, или бермудска трева за потопли услови.
Мексико Сити Њујорк Далас Канзас Сити Хјустон Стадион Ацтека Стадион Метлајф(Ист Ратерфорд) Стадион AT&T(Арлингтон) Стадион Ароухед Стадион НРГ Капацитет: 87.523 Капацитет: 82.500 Капацитет: 80.000 Капацитет: 76.416 Капацитет: 72.220 Атланта Лос Анџелес Стадион Мерцедес Бенц Стадион Соу-Фај(Инглвуд) Капацитет: 71.000 Капацитет: 70.240 Филаделфија Сиетл Линколн Фајненшел Филд Лумен ФилдКапацитет: 69.796Капацитет: 69.000 Сан Франциско Бостон Стадион Ливајс (Санта Клара) Стадион Жилет(Фоксборо) Капацитет: 68.500 Капацитет: 65.878 Мајами Ванкувер Монтереј Гвадалахара Торонто Стадион Хард Рок(Мајами) БиСи Плејс Стадион ББВА(Гвадалупе) Стадион Акрон(Сапопан) БМО Филд Капацитет: 64.767 Капацитет: 54.500 Капацитет: 53.500 Капацитет: 49.850 Капацитет: 30.000
Групна фаза Првите две екипи од секоја група, како и осумте најдоброрангирани третопласирани екипи се пласираат во шеснаесттинафиналето.
Група А
Табела на групата АНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.330060+69 2.311123-14 3.310223–13 4.301226–41
Група Б
Табела на групата БНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321073+47 2.311183+54 3.311156-14 4.3012210-81
Група Ц
Табела на групата ЦНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321071+67 2.321071+37 3.310214-33 4.300328-60
Група Д
Табела на групата ДНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320184+46 2.31112204 3.311124-24 4.310235-23
Група Е
Табела на групата EНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.3201104+66 2.320142+26 3.31112204 4.301219-81
Група Ф
Табела на групата EНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.3210104+67 2.312073+45 3.31117704 4.3003212-100
Група Г
Табела на групата ГНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.312062+45 2.312053+25 3.30303303 4.00000001
Група Х
Табела на групата ХНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321050+57 2.30302203 3.302134-12 4.302115-42
Група И
Табела на групата ИНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.3300102+89 2.320187+16 3.310286+23 4.3003112-110
Група Ј
Табела на групата ЈНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.330081+79 2.31116604 3.311157-24 4.300338-50
Група К
Табела на групата КНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321041+37 2.312061+55 3.311143+14 4.3003211-90
Група Л
Табела на групата ЛНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321062+47 2.32015506 3.31112204 4.300304-40
Поредок на третопласираните Репрезентација1. К 3 1 1 1 4 3 +1 42. Ф 3 1 1 1 7 7 0 43. Л 3 1 1 1 2 2 0 44. Е 3 1 1 1 2 2 0 45. Б 3 1 1 1 5 6 -1 46. Ј 3 1 1 1 5 7 -2 47. Д 3 1 1 1 2 4 -2 48. И 3 1 0 2 8 6 +2 39. Г 3 0 3 0 3 3 0 310. А 3 1 0 2 2 3 -1 311. Ц 3 1 0 2 1 4 -3 312. Х 3 0 2 1 3 4 -1 2
Нокаут-фаза
Резултати
Шеснаесттинафинале
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
Натпревар за трето место
Финале
Победник Победник на Светското првенство во фудбал 2026Шпанија2. титула
Статистика Листа на стрелци
Конечен пласман
Награди
По завршувањето на турнирот биле доделени следните награди.
Златна копачка: Се доделува на најдобриот стрелец на турнирот. Златна ракавица: Се доделува на најдобриот голман на турнирот. Златна топка: Се доделува на најдобриот играч генерално на турнирот. ФИФА награда за најдобар млад играч: Се доделува на најдобриот играч на турнирот роден на или по 1 јануари 2005 година (на возраст од 21 година или помалку). ФИФА Ферплеј трофеј: Се доделува на тимот со најдобар дисциплински резултат кој стигнал до нокаут фазата.
Златна топка Сребрена топка Бронзена топка Родри Лионел Меси Килијан Мбапе Златна копачка Сребрена копачка Бронзена копачка Килијан Мбапе 10 голови, 4 асистенции, 769 одиграни минути Лионел Меси 8 голови, 4 асистенции, 853 одиграни минути Џуд Белингам 7 голови, 1 асистенција, 698 одиграни минутиЗлатна ракавица Унаи СимонФИФА награда за најдобар млад играч Пау КубарсиФИФА Ферплеј трофеј
ФИФА Идеален тим на првенството ФИФА, исто така, ги поканила корисниците на FIFA.com да го изберат идеалниот тим на првенството.
Симболи првенства Лого и слоган thumb|right|Мепл лос, Зају јагуар и Клач орел Официјалното лого било претставено на 17 мај 2023 година за време на свеченост во Грифит опсерваторијата во Лос Анџелес. Логото претставува стилизиран приказ на бројката 2 во горниот дел и бројката 6 во долниот дел, како и трофејот на првенството во центарот. Секој град домаќин ќе има свој брендиран визуелен идентитет, кој бил претставен на 18 мај 2023 година.
Слоганот бил претставен истиот ден и гласи We are 26 (мак. Ние сме 26).
Маскоти
Официјалните маскоти биле претставени на 25 септември 2025 година: Мепл, Зају и Клач. Мепл е лос кој ја претставува Канада, Зају е јагуар кој го претставува Мексико, а Клач е орел кој ги претставува САД. Тие се дизајнирани за да го претставуваат културното наследство на земјите домаќини.
Официјална топка
Официјалната топка за првенството била претставена на 2 октомври 2025 година и го носи името „Трионда“, што претставува комбинација од шпанските зборови за три и бран. Таа е 15. топка по ред дизајнирана од компанијата Adidas, која ги дизајнира топките за секое Светско првенство уште од 1970 година. Топката содржи црвена, зелена и сина боја, кои ги претставуваат Канада, Мексико и САД, заедно со белата боја која ги поврзува. Исто така, топката ги содржи и националните симболи: јаворов лист, кој ја претставува Канада, златен орел, кој го претставува Мексико и петокрака ѕвезда, која ги претставува САД.
Музика Официјалната песна насловена како „Dai Dai“ од колумбиската пејачка Шакира и нигерискиот пејач Бурна Бој била објавена на 15 мај 2026 година, проследено со официјалната химна „DNA (More Than a Game)“ од францускиот продуцент Дејвид Гета, во која учествуваат италијанскиот тенор Андреа Бочели, јужнокорејско-американската пејачка Еџе и американската раперка Меган Ти Сталион, на 10 јуни 2026 година.
Наводи