Адамова ѕвезда — овален син ѕвезден сафир, моментално најголемиот син ѕвезден сафир во светот. Тежи 1,404,49 карати (280,9 г). Пред неговото откривање во 2015 година, Квинслендовата црна ѕвезда, со тежина од 733 карати (146.6 г), била најголемиот ѕвезден сафир во светот.
Опис Синиот скапоцен камен има одраз во облик на шесткрака ѕвезда или карактеристичен белег во центарот.
Овој голем ѕвезден сафир бил откриен во Ратнапура (познат под прекарот „Град на скапоцени камења“), во јужна Шри Ланка, во август 2015 година. Бил именуван „Адамова ѕвезда“ од сегашниот сопственик, како референца на муслиманските верувања дека Адам пристигнал во Шри Ланка и живеел на Адамовиот врв откако ја напуштил Еденската градина.
Сопственикот на скапоцениот камен, претпочитајќи анонимност, изјавил за радио програмата Њусдеј на Би-Би-Си дека „штом го видов, решив да го купам“ и додадал „ова не беше парче накит, туку изложбен предмет“.
Тежината на синиот ѕвезден сафир од била сертифицирана од Гемолошкиот институт во Коломбо; институтот изјавил дека никогаш не издал извештај за скапоцен камен поголем од „Адамова ѕвезда“. Сепак, големината малку значи кога станува збор за фини скапоцени камења. Откриени се кристали од корунд со тежина од десетици килограми. Водечки трговец со скапоцени камења и накит во земјата потврдил за Би-Би-Си дека станувал збор за најголемиот син ѕвезден сафир во светот. Во интервју за Би-Би-Си Ерт, Сајмон Редферн, минерален научник од Универзитетот во Кембриџ, рекол дека „каменот можеби се формирал во гранитните карпи на висорамнините на Шри Ланка. Можел да расте толку голем поради постојаните, но бавни промени на температурите и притисоците во карпите милиони години“.
Подоцна, скапоцениот камен бил проценет на над 300 милиони долари, но оваа проценка била оспорена. „Лотус Гемологи“, со седиште во Бангкок, одржува ажуриран список на светски записи за аукции на рубин, сафир и шпинел. Од ноември 2019 година, ниту еден сафир не бил некогаш продаден на аукција за повеќе од 17.295.796 долари.
Наводи
Надворешни врски
Најголемиот син сафир во светот? Интервју со сопственикот во радио програмата на Newsday Пронајден најголемиот син ѕвезден сафир во светот – вреден 300 милиони долари Видео од скапоцениот камен со интервју Извозници на скапоцени камења, дијаманти и накит од Шри Ланка
Категорија:Познати сафири Категорија:Скапоцени камења од Шри Ланка