Реткоцветна незаборавка () — едногодишно цветно растение кое припаѓа на семејството Boraginaceae.

Неговиот домороден опсег е од Средна Европа до Југозападен Сибир, како и Јужна Финска.

Опис Реткоцветната незаборавка е едногодишно растение, високо од 15 до 40 см. Стеблото ѝ e тенко, подигнато или вертикално, често многу разгрането, со надолу свиткани четинести влакна. Базалните и најдолните стеблени листови се издолжено-лопатовидни, елиптични до јајцевидни, стеснети во подолга или покуса дршка, долги 30 до 80 мм (заедно со лисната дршка), широки 4 до 20 мм, од двете страни со расфрлени четинести влакна. Средните и горните стеблени листови се елиптични, јајцевидно-копјести или копјести, приседнати, долги 20 до 75 мм, широки 6 до 16 мм, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите собрани во растресити срповидни соцветија од мал број цветови. Сите цветови со исклучок на најгорните цветови во соцветието со прицветници (прицветници) слични на стеблените листови. Најдолните цветови при образување на плодот имаат многу издолжени дршки (до 20 мм), кои обично се свиткани надолу. Чашката е yвончевидна, долга 1,5–2 мм долга, при образување на плодот се издолжува до 3–5 мм, всечена од 1/2 до 2/3 на 5 копјесто-триаголни запци, во основата со кукесто свиткани влакна, во горниот дел со прилегнати исправени влакна, не отпаѓа. Венчето е со куса венечна трубичка, проширениот дел од венчето има пречник од 2–2,5 мм, и е светлосино. Оревчињата се јајцевидни, без јасни странични рабови, долги 1,8–2,5 мм, широки околу 1,5 мм, без јасно изразена надолжна бразда, темнозеленикави до кафеави.

Живеалиште На засенчени места, покрај патишта, железнички пруги, бавчи, потоци, во влажни шуми, на надморска височина од 100–1300 м.

Распространетост Неговиот домороден опсег на распространетост е од Средна Европа до Југозападен Сибир, како и Јужна Финска.

Македонија Познат за Скопје – Градски парк, Водно, Матка; Жеденска Клисура – Коловозиште; Велес – с. Степанци, Азот: с. Теово – вливот на реката Брезица во реката Бабуна; Кавадарци – с. Бојанчиште; Демир Капија – с. Градец, жел. ст. „Клисура“; Струмица – с. Банско; Сува Гора – с. Челопек, Тетово – с. Лешок, Тетово – парк; Маврово – Трница, „Кожа“; Бистра – с. Јанче; Кичево – Илиница, манастирот „Св. Пречиста“; Мариово – Селечка Планина; Македонски Брод – с. Девич.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија