Незеро (познато и како Аскурида; , Незерос или Ασκουρίδα, Ασκουρίς, Аскурис) — поранешно езеро во Лариско, Тесалија, денес во Грција.

Географија Езерото се наоѓало на мала висорамнина во јужното подножје на Олимп, во огранокот Долен Олимп, непосредно до границата со Егејска Македонија. Опфаќало површина од вкупно 5.500 стреми, односно .Περιφέρεια Θεσσαλίας, ανασύσταση λίμνης ΑσκουρίδαςΈθνος Πλημμύρα ζωής για δύο αποξηραμένες λίμνες Во близина се наоѓа истоименото село Незеро (Калипефки).

Историја Древното име на езерото е Аскурис или Аскирис. Под тоа име се споменува и во златна була на Андроник II Палеолог од 1289 г. Римскиот историчар Тит Ливиј го наведува како „Аскирисовото Мочуриште" („Аscuridem paludem"), осврнувајќи се на премините што ги користеле Римјаните за влез во Тесалија. Сегашниот назив го добил во средниот век, а потекнува од грчки корен на словенскиот збор „(ј)езеро“.

Во 1911 г. езерото е пресушено за да се ослободи обработлива површина и да се искорени маларијата. Исцедувањето започнало со изградбата на одводен канал и тунел коишто ги насочувал водите на езерото кон реката Пенеј, во близина на с. Дерели (Гони). Местата ослободени од вода му биле доделени на месното население.

Во ХХІ век покрената е иницијатива за обнова на езерото бидејќи пресушената површина не ги донела очекуваните економски придобивки, особено поради деградација на почвата и несоодветното наводнување. Обновеното езеро е предвидено да го снабдува водоносниот слој на северна Тесалија, кој е на многу ниско ниво во последните децении.

Наводи

Категорија:Езера во Грција Категорија:Поранешни езера Категорија:Лариса (округ)