Колудеј — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Вртикоп на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало североисточно од Колибите и југозападно од Гропино.

Историја Во XIX век селото било мал чифлик со македонско население.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Кулудеј било раселено со еден конак.

На грчкиот попис од 1913 г. селото веќе нема жители, што значи дека тоа се распандало пред тоа. Неговите жители се преселиле во с. Колибите.

Поврзано Колудеј — река

Наводи

Категорија:Историски села во Вртикоп