Меѓународниот ден за борба против исламофобијата е прогласен од Обединетите нации во 2022 година и се одржува секоја година на 15 март. Целта на овој ден е да се подигне глобалната свест и да се поттикне заедничка акција против исламофобијата, дискриминацијата и насилството насочено кон муслиманите.

Датумот не е избран случајно, тој претставува годишнина од трагичниот настан во Крајстчерч, Нов Зеланд, кога во 2019 година за време на петочната молитва бил извршен терористички напад во две џамии, при што загинало 51 лице.

Позадина Во светот, по христијанството, Исламот претставува втората најголема религија со околу 2 милијарди следбеници, што сочинува приближно 26% од светската популација. Тој е една од најраспространетите и највлијателни религии, присутна на сите континенти и во различни културни контексти.

Исламофобијата се дефинира како неразумна непријатност, страв или предрасуда кон муслиманите или кон самиот ислам. Таа може да се манифестира во различни форми од негативни стереотипи и дискриминација, па сè до насилство и систематско исклучување на муслиманските заедници.

Гледано од историски аспект, низ светот се случиле бројни инциденти на етничко чистење и потиснување на муслиманите. Меѓу најпознатите примери се черкескиот геноцид, масакрот во Сребреница и масакрот во Сабра и Шатила. Во поново време, тековните конфликти вклучуваат страдањата на Рохинџа во Мјанмар, Ујгурите во Кина и долгогодишниот конфликт во Палестина. Исламофобијата ескалирала по нападите од 11 септември, кои предизвикале голема вознемиреност кај муслиманите во Европа и САД. десно|мини| Во 2020 година, обраќајќи се на општата дебата на Седумдесет и петтата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан, првпат предложил меѓународен ден за борба против исламофобијата

Официјално признавање На 15 март 2022 година, Генералното собрание на Обединетите нации со консензус усвоило резолуција со која овој датум бил прогласен за „Меѓународен ден за борба против неправдата кон исламот“. Резолуцијата била поднесена од страна на Имран Кан, постојан претставник на Пакистан во ОН, во име на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Поврзано

Светски ден на хиџабот

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб-страница Категорија:Пакистан и Обединетите нации Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:Празници во март