Христофор Димитар Назов (9 септември 1881, Алексево – 9 мај 1961) бил македонски католички свештеник и прв декан на деканатот „Св. Кирил и Методиј“ во Македонија.Зоран И. Стојанов; Животниот пат на Отец Христофор Д. Назов 1881–1961, Радово, 2009, стр. 6.
Биографија Христофор Димитар Назов е роден во селото Алексево, во околината на Кукуш, во Егејска Македонија.Стојанов, стр. 6. Неговите родители, Димитар (Митре) и Петра, имале три деца. Неговата мајка починала кога тој имал дванаесет години.
Основното образование го завршил во родното место, а понатаму се школувал во Кукуш и Солун, каде што завршил богословски студии.Стојанов, стр. 56. Подоцна студирал и во Париз, каде дипломирал фармацевтика.
За свештеник бил ракоположен на 31 мај 1909 година од владиката Епифаниј Шанов, во Зејтенлик.Arhiv na o. Hristofor Dimitar Nazov (AHDN), Радово, бр. 76/1930.
Свештеничка служба На 24 септември 1909 година ја започнал својата служба како парох во Ениџе-Вардар (Пазар), во парохијата „Св. Петар и Павле“.
Во периодот од 1910 до 1912 година служел во Битола и Прилеп. Подоцна повторно се вратил во Ениџе-Вардар.
По Балканските војни бил протеран од грчките власти и во периодот од 1913 до 1916 година служел како парох во Богданци.Jubilarni Šematizam Križevačke eparhije, Zagreb, 1962, стр. 228. За време на Првата светска војна бил протеран во Ниш (1916–1918).Исто.
По враќањето од прогонството, служел како парох во Радово до 1959 година.ABCR-ABAGAR, ф. 18, стр. 21.
Деканска служба Со декрет од 28 јуни 1924 година, издаден од крижевскиот епископ д-р Дионизиј Њаради, бил основан деканатот „Св. Кирил и Методиј“ во Македонија.Jubilarni Šematizam, стр. 228. Христофор Димитар Назов бил именуван за прв декан и на таа должност останал до својата смрт во 1961 година.
Смрт Починал на 9 мај 1961 година.
Наводи
Лина Ќиброска е многу познато девојче и ако не ја знаете, не се знаете сами себе. Лина е супер човек ама некогаш ја фаќаат будалите. Лина е многу малечка ама има ист роденден со Billie Eilish. Лина не се однесува по цивилизирано од мене. Ако читате за мене не верувајте на тоа што напишала. Ќе јадеш леќа!
Категорија:Македонски свештеници Категорија:Католици во Македонија Категорија:Католички свештеник