Красимир Цветанов Ќуркчиски () бил истакнат бугарска композитор и диригент.
Биографија Роден е на 22 јуни 1936 година во Тројан. Тој е дипломец на Бугарската државна конзерваторија, каде што завршил композиција кај професорот Панчо Владигеров. Подоцна специјализирал на Московскиот конзерваториум кај Дмитриј Шостакович.
Извесно време работел како диригент на оркестарот на ДАНПТ „Филип Кутев“, а потоа бил диригент на хорот при Ансамблот за народни песни на Бугарското радио, подоцна познат како „Мистеријата на бугарските гласови“. Неговите обработки „Калиманку, Денку“, „Пиленце пее“, „Исповед“, „Заблејало ми аг’нце“, „Месечинко, љо“ се вклучени во серијата на Марсел Селие „Le Mystère des Voix Bulgares“, која ја добила наградата „Греми“.Omda.bg. Красимир Ќуркчиски. Посетен на 18 јануари 2022
Красимир Ќуркчиски е меѓу најчесто изведуваните бугарски композитори во странство. Добитник е на многу државни признанија, грамоти и награди. Во 1966 година ја добил големата награда на конкурсот за композиција „Париски музички недели“., а во 1980 година бил награден со Димитровска награда.„Красимир Ќуркчиски“, OMDA, 8 април.
Долго време Красимир Ќуркчиски живеел и работел во селото Боженци. Починал на 15 декември 2011 година.„Почина композиторот Красимир Ќуркчиски“, Радио Бугарија, 15 декември 2011.„Почина композиторот Красимир Ќуркчиски“, vesti.bg, 15 декември 2011.
Наводи
Надворешни врски Красимир Ќуркчиски на Internet Movie Database
Категорија:Бугарски композитори Категорија:Бугарски диригенти