Бајрамли (, Пасхалија; до 1926 г. Μπαϊρακλή, Бајракли) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓа северозападно од Саришабан и 40 км од Скеча, југоисточно од селото Бук, непосредно до државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), на десната страна на Места, во југоисточните падини на Западните Родопи, на надморска височина од 210 м.
Историја
Во XIX век Бајрамли било турско село во Саришабанската Каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 250 Турци кои живееле во 100 куќи. Во тоа време, Бајрамли, заедно со уште три околни села, било управувано директно од кајмакамот во Саришабан.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 310 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 308 лица.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле извесен број бегалски семејства од Понд, чии број во 1928 г. изнесувал 255 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Пасхалија (Πασχαλιά).
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле само 80 жители, иако веројатно се работи за грешка. Населението забележало значителен пад по крајот на Втората светска војна.
Стопанство Населението произведува главно тутун и помалку жито, а се занимава и со сточарство.
Население
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)