Хостел 2 () — продолжение на трилерот Хостел во режија на Илај Рот и втор дел од истоимената франшиза. Филмот бил објавен во САД на 8 јуни 2007 г. Заработил 35,6 милиони долари.

Содржина Три студентки решаваат да направат пауза од забавите и скршнуваат од својот пат, заведени од една убава европска жена што им ветува изолација, безбедност, па дури и романса. Но она што го добиваат е вистински пекол во кој се продадени на највисокиот понудувач, чија единствена желба е полека да ги убие.

Хостел 2 истовремено следи и двајца Американци што се подготвени да платат за да се приклучат на ексклузивен клуб каде еден човечки живот ќе згасне во нивните раце — на каков начин и да посакаат. Ова е приказна за човечки чудовишта и за моќта на парите, раскажана онака како што само Илај Рот умее.

Улоги

| Лорен Џерман || Бет Салинџер |- | Бижу Филипс || Витни Сверлинг |- | Вера Јорданова || Аксел Расимов |- | Хедер Матарацо || Лорна Вајсенфренд |- | Роџер Барт || Стјуарт |- | Ричард Берги || Тод |- | Милан Кнажко || Саша Расимов |- | Станислав Јаневски || Мирослав |- | Џеј Ернандес || Пакстон Родригес |- | Џордан Лад || Стефани |- | Лук Меренда || италијанскиот детектив |- | Едвиж Фенек || професорката по уметност |- | Руџеро Деодато || италијанскиот човекојадец

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment