thumb|200px|Еден од гјоџите, 33-тиот Кимура Шоносуке, во целосна традиционална судиска облека. ГјоџиСпоред македонската транскрипција за јапонски јазик, погрешно е „ѓоџи“. (, дословно: управувач со работите) — судија во професионалното сумо. Судиите се вработени во Јапонската сумо-асоцијација и се одговорни за различни гледишта во овој спорт: првенствено за судење на натпреварите на сумо-турнирите, но и за зачувување на професионалната сумо-култура, составување на ранг-листата банзуке и составување на дневниот распоред на борбите за време на турнирите. Гјоџите се сметаат за „неотуѓив дел од сумото“.
Гјоџито е третиот учесник во сумо-борбата што се наоѓа внатре во просторот за борба (дохјо). Токму судијата им дава сигнал на борците за почеток на борбата, има право да ја прекине борбата, а на крајот со лепезата гумбаи покажува кон сумо-борецот што (според мислењето на судијата) победил. Своите денешни функции гјоџите ги добиле во XVI век, во епохата теншо. Од крајот на XVIII век, на гјоџите им биле доверени и верски функции — тие ги осветувале хејата (сумо-школите) пред почетокот на турнирот.
Историја thumb|left|250px|Судиите татиавасе набљудуваат борба (средновековна графика). Судии во сумото постоеле долго пред појавата на статусот гјоџи. Почнувајќи од периодот хеиан, функцијата на набљудувачи на борбите ја извршувале царски чиновници познати како татиавасе (立合). Тие биле облечени како стрелци и носеле лакови и тулови. Татиавасеата имале свои заменици — казусаши (数刺し), кои биле одговорни за посебен дневник во кој се запишувале резултатите од борбите. Од тоа време е познат судијата по име Шига-но-Сеирин, назначен од царот Шому. Овој судија ја основал една од првите познати династии на судии во сумото, а исто така се смета дека ги измислил и 48-те техники кимарите (зафати со кои сумо-борците ги победуваат противниците).
Во времето на владеењето на Шому се појавил и поимот гјоџи, но првично тоа не биле судии, туку административни чиновници што се занимавале со организациски прашања во сумото и со одредени дворски церемонии. Во периодот на Камакура (XII — XIV век), функциите на судии почнале да ги извршувале чиновници самураи. Во периодот муромачи (XIV — XVI век), поимот гјоџи за првпат се поврзал со судењето — така почнале да ги нарекуваат чиновниците од самурајскиот сталеж што извршувале привремени судиски функции.
Во 1570 г., Ода Нобунага за првпат назначил двајца воини од својата придружба на должноста гјоџи. Ним им била доверена организацијата на сумо-турнир. По ова, гјоџите почнале да ги обединуваат судиските и организаторските функции.
thumb|right|250px|Гјоџи (десно) како судија во епохата на Ода Нобунага.
Почнувајќи од времето на периодот едо (XVII век), сумото почнало да добива професионален карактер. Правото за негово организирање преминало кај најголемите феудалци — даимјоата. Оттогаш почнал процесот на унификација на правилата и градење на строга хиерархија, што ги опфатило и судиите. Кај гјоџите се појавила церемонијална и одредена етикета, а во XVIII век на судиите им биле доверени и некои верски функции. Ова сериозно го подигнало статусот на гјоџите, поради што биле воведени посебни лиценци за оние што сакале да станат сумо-судии. Се појавиле цели династии на судии, како што е домот Јошида Цукаса. Нивното појавување било поврзано со стремежот на даимјо-владетелите да постават „свои“ судии на турнирите, кои би дејствувале во полза на борците од нивниот регион. Традицијата на наследни судии се проширила низ цела Јапонија.
Кон крајот на XVIII век, кога во Јапонија доминирала Сумо-асоцијацијата од градот Едо, судискиот клан Јошида успеал да ги зацврсти своите положби во целата земја. Ова довело до признавање на традициите на судење воспоставени токму од семејството Јошида Цукаса, кои професионалното сумо ги почитува и денес. Овие традиции го вклучуваат носењето на церемонијално кимоно и употребата на специјалната лепеза гумбаи.
Со текот на времето, двете главни преостанати судиски семејства станале семејствата Кимура и Шикимори.
Имиња на судиите Исто како и сумо-борците што користат шикона, судиите во сумото исто така користат посебни псевдоними. Во денешно време е воспоставена традиција според која сите гјоџи како презиме го земаат или името Кимура (木村) или Шикимори (式守). Ова е во знак на почит кон двете влијателни судиски династии во сумото. Всушност, овие имиња функционираат како титули. На пример, по пензионирањето на 38-миот Кимура Шоносуке, неговото место ќе го заземе судијата што го носи името Шикимори Иносуке, но тој потоа ќе го смени името и ќе стане 39-тиот Кимура Шоносуке. Судиите ја избираат својата припадност кон еден од двата клана врз основа на претпочитаната традиција на судење, иако клановите не се еднакви — Кимура се сметаат за позначајни од Шикимори. Бројот на судии со презиме Кимура е речиси двојно поголем од оној со презиме Шикимори.
Во 1720-тите години, кон тогаш доминантниот клан Јошида Цукаса се обратиле Кимура Шоносуке и Шикимори Годају. Тие добиле покровителство од Јошида и почнале да работат како судии во сумо-асоцијацијата во Едо. Кланот Шикимори бил основан од Исеноуми Годају, кој прво бил сумо-борец, а подоцна старешина (тошијори). Подоцна тој го сменил името во Шикимори Годају и станал родоначалник на судиската династија.
Во денешно време, гјоџите можат да преминуваат од едното во другото семејство во зависност од напредокот во кариерата. Како што добиваат право да судат борби во повисоки дивизии, тие можат да ги преземат имињата на своите претходници од тие дивизии, што го подигнува нивниот статус.
Двете судиски „семејства“ имаат сопствени традиции поврзани со држењето на лепезата гумбаи: судиите Кимура ја држат лепезата со горниот дел од дланката свртен нагоре, додека судиите Шикимори ја држат обратно — со дланката свртена нагоре.
Напредување и рангови на судиите Во Јапонската сумо-асоцијација може да има најмногу 45 гјоџи. Секој гјоџи е „припишан“ на една од сумо-школите (хеја). Максималниот број на судии што ги опслужуваат борбите на секитори (борците од двете највисоки дивизии макучи и џурјо) е 22.
Не постојат барања за висината и тежината на судиите, но се смета дека се претпочитаат пониски и поситни гјоџи, бидејќи така се создава забележителен контраст со крупните сумо-борци. Многу гјоџи се поранешни сумо-борци што не успеале да постигнат големи успехи во професионалниот спорт.
Кариерата на повеќето гјоџи започнува на 15–16 години, по завршувањето на средното образование. Почнувајќи од најниската дивизија џонокучи, судиите напредуваат низ скалилата на кариерата, чиј врв е рангот тате-гјоџи во дивизијата макучи. Гјоџите се пензионираат на 65-годишна возраст.
Тековната хиерархија на рангови кај судиите е следнава (од највисок кон најнизок): тате-гјоџи (главен судија); санјаку-гјоџи (суди борби меѓу борците од рангот санјаку); макучи-гјоџи (суди борби на редовните борци во највисоката дивизија); џурјо-гјоџи (суди борби во втората дивизија); макушита-гјоџи (трета дивизија); сандаме-гјоџи (четврта дивизија); џонидан-гјоџи (петта дивизија); џонокучи-гјоџи (шеста, најниска дивизија).
Одлуката за унапредување на судиите обично се носи еднаш годишно по септемврискиот турнир. За напредување се важни точноста во одлуките, јасноста и јачината на гласот, како и работната етика. Често се земаат предвид и вештините за калиграфија, брзината на движење во рингот и способноста за дејствување во спорни ситуации. Доколку судијата често носи одлуки што подоцна се поништени од конзилиумот на судиите (моно-и), шансите за негово унапредување се мали.
Платата на гјоџите зависи од нивниот ранг. Повисоките рангови можат да заработат меѓу 400 и 500 илјади јапонски јени месечно. Како што се качуваат по хиерархијата, бројот на натпревари што ги судат се намалува. Додека младите судии можат да судат и до 10 борби дневно, главен судија (тате-гјоџи) обично суди само една — последната и најважна борба на денот.
Наводи
Надворешни врски
List of current at the Japan Sumo Association site (јапонски) List of expressions and shouts used by in the ring —Sumo Prime Time episode – an interview with the 30th Kimura Shōnosuke (then the 31st Shikimori Inosuke)
Категорија:Сумо Категорија:Јапонски поими Категорија:Спортски судии