мини|300пкс|Батискафот „Триест“ мини|300пкс|Шема на батискафот „Триест“ Батискаф (; од — „длабок“, и — „брод“) — самооден подводен апарат за океанографски и други истражувања на големи длабочини.

За разлика од другите длабоководни населени апарати и „класичните“ подморници, батискафите користат пловка со бензин за создавање позитивен поттисок. Пловката претставува лесен труп на апаратот, а под неа е прицврстен сферичен цврст труп — гондола (аналог на батисфера), во која во услови на нормален атмосферски притисок се наоѓаат апаратурата, контролните табли и екипажот. Батискафот се движи со помош на пропелери, придвижувани од електромотори.

Батискафите се користеле до 1980-тите години и порано биле единственото средство за достигнување рекордни длабочини. Потоа, кај длабоководните апарати успеале да се откажат од преобемната бензинска пловка: позитивниот поттисок почнал да се создава со помош на цврстиот труп (сега доволно олеснет) и синтактичка пена.. — „In most submersibles (excluding the bathyscaphs) the pressure hull exerts a positively buoyant force“.. — „Главната улога во создавањето на апаратите од новата генерација ја одигра пронаоѓањето на синтактикот“.

Понекогаш батискафите погрешно се поистоветуваат со подводни апарати од други типови.

Историја Подморниците изградени според „класичната“ шема имаат ограничена длабочина на нуркање, условена не само од цврстината на трупот, туку и од тоа што кај подморниците истиснувањето на водата од баластните резервоари се врши со набиен воздух, кој се чува во челични боци под висок притисок. Како по правило, притисокот на воздухот во боците изнесува околу 150–200 кгс/см². При нуркање во морските длабочини, притисокот на водата се зголемува за 1 кгс/см² на секои 10 метри длабочина. Така, на длабочина од 100 м притисокот ќе изнесува 10 кгс/см², а на длабочина од 1500 м — 150 кгс/см². Факт е дека набиениот воздух во типична боца на таа длабочина веќе не е „набиен“ и не може да ја истисне водата од резервоарот. На длабочина од 11 илјади метри („Бездна Челенџер“), притисокот на водата изнесува околу 1100 кгс/см², соодветно на тоа, воздухот во боците би морал да биде набиен до многу повисока вредност.

Идејата за изградба на длабоководен апарат способен да ги достигне крајните океански длабочини му дошла на швајцарскиот научник Огист Пикар во претвоените години, за време на неговата работа на првиот стратостат во светот, FNRS-1. Пикар предложил изградба на брод уреден на принципот на аеростат или дирижабл. Наместо балон исполнет со водород или хелиум, подводниот апарат требало да има пловка исполнета со материја што има помала густина од густината на водата. Таа материја при висок притисок не требало да ги менува своите физички и хемиски својства; пловката требало да го носи товарот и притоа да одржува позитивна пловност. Нуркањето на апаратот, наречен батискаф, се одвива со помош на тежок товар (баласт), а за изнурнување на површината, баластот се исфрла. Првиот батискаф, FNRS-2, бил изграден од Огист Пикар во 1948 г.

Одговарајќи на прашањето зошто по стратостатот почнал да конструира батискаф, Огист Пикар истакнал дека:

овие апарати се исклучително слични меѓу себе, иако нивната намена е спротивна.

Со својот карактеристичен хумор, тој објаснувал:

Можеби судбината сакала да ја создаде оваа сличност токму за да може еден ист научник да работи на создавањето на двата апарати...

Секако, конструирањето на батискаф не е детска игра. Потребно е да се решат бесконечен број сложени задачи. Но не постојат непремостливи тешкотии!

Белешки

Наводи

Надворешни врски

The US Navy account of the dive, with photographs

History of the Bathyscape Trieste FNRS-2 "13,000 Feet Under the Sea in the French Bathyscaphe Popular Mechanics, May 1954, pp. 110–111. Deepsea Challenger – Mariana Trench Dive (03/25/2012).

Категорија:Видови бродови