Северјани, Северни или Севрели (, Ворино; до 1926 г. Σέβρενη, Севрени) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во северниот дел на котлината Меглен, под јужните падини на плаинната Кожуф. Лежи на 8 км северно од С’ботско.
Историја Во Отоманското Царство Ова македонско село некогаш било христијанско, но во немирните години поголем дел од населението под принуда го прифатило исламот.
Во XIX век Северјани било село во Ениџевардарската Каза. Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Северјани (Севрени) било македонско муслиманско село со 586 машки жители и 150 домаќинства. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Севрели живееле 130 Македонци-христијани и 1200 Македонци муслимани.
Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Севрени (Sevreni) имало 160 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.
Егзархиската статистика за Воденската Каза од 1912 г. го води Северјани со 1.330 македонски жители, од кои 130 христијани и 1.200 муслимани. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Северени имало 218 куќи на Македонци муслимани.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 1.466 жители, а во 1920 г. во Северјани се попишани 1.143 лица.
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на Северјани е иселено во Турција, а на негово место се доведени 682 Грци, претежно од Понт. Во 1926 г. е преименувано во Ворино (со значење Северно, буквален превод на македонското име). На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 177 семејства сочинетии од 659 лица. Според други податоци, во 1928 г. селото имало 693 жители, од кои 11 биле домородни, а останатите дојденци.
Селото произведува жито, тутун, пиперки, десертно грозје, а развиено е и сточарството.
+ Месности во Северјани преименувани со службен указ на 6 август 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Диња Ντίνια Константина Κωνσταντινιάблато на ЈИ од Северјани Поток Ποτόκ Плимира Πλημμύραрека на Ј од Северјани, десна притока на Баришта Курти Κουρτί Рема Ρέμαрека на Ј од Северјани, десна притока на Баришта Дабот Νταμποτ Веланидиес Βελανιδιέςмесност на Ј од Северјани Карбури Καρμπούρι Камбура Καμπούραмесност на ЈИ од Северјани Чиковец Τσικοβιτς Микра Μικράмесност на ЈИ од Северјани и на Ј од Невор Врбак Βάρμπα Итиес Ίτιέςмесност на ЈИ од Северјани Кајнарџа Καινάρτζα Термо Θερμόрека на И од Северјани, десна притока на Баришта Порој Πορόϊ Мелисотопос Μελισσότοπος Караџова Καρατζόβα Маврос Камбос Μαύρος Κάμπος областа во која е сместено Северјани (Меглен) Бунив Камен Μπούνιφ Κάμεν Куфопетра Κουφόπετραмесност на Кожуф на С од Северјани Белица Μπελίτσα Аспрорема Άσπρόρεμα Исарот Ίσροτ Химадио Χειμαδιόмесност на Кожуф на С од Северјани и на Ј од Зборско Ронго Ρόγκοτ Вурло Βούρλοврв на Кожуф на СЗ од Северјани и на З од Зборско (1.169 м) Леска Λέσκα Рема Ρέμαрека на Кожуф на С од Северјани Лескова Нива Λίσκοβα Νίβα Лефтокарија Λεφτοκαρυάмесност на Кожуф на С од Северјани Црвени Земји Τσερβένι Ζέμνι Кокинохома Κοκκινόχωμαврв на Кожуф на С од Северјани и на СИ од Зборско Катофилков Камен или Катофилски камен Κατοφίλκο Κάμεν Петра ту Филипу Πέτρα τοϋ Φιλίππουврв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско Бела Вода Βένα Βόδα Аспрокорфи Άσπροκορφήврв на Кожуф на С од Северјани и на СЗ од Зборско Ќулто Κιοϋλτο Келари Κελάριврв на Кожуф на СЗ од Северјани Средоречка Στρεντορίτσκα Месео Дромаки Μεσαίο Δρομάκιрека на Кожуф на С од Северјани, лева притока на Козјак (Круша) Чаири Τσαΐρι Ливади Λειβάδιшума на Кожуф на СЗ од Северјани на Средоречка Река Грото Γκρότο Плая Πλαγιάврв на Кожуф на СЗ од Северјани Витлогрико Βιτλόγρικο Агриоплаја Άγριοπλαγιάврв на Кожуф на СЗ од Северјани (1.360 м) Динга Ντίγκα Сикома Σήκωμαврв на Кожуф на С од Северјани (1.564,9 м) Куровица Κουροβίτσα Куфала Κουφάλαврв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско (1.679,1 м) Бела Чука Μπαλατσούκα Аспрокорфес Άσπροκορφέςврв на Кожуф на С од Северјани, гранична пирамида бр. 100 Кинарјо Κυνάργο Оргомено Όργωμένοмесност на Кожуф на С од Северјани Ј под гранична пирамида бр. 102 Порој Πορόϊ Химарос Χείμαρροςимето на горното течение на Козјак, река на СЗ од Северјани која го двои Ниџе на И од Кожуф на З Хани Χάνι Пандохиу Πανδοχείουшума на Кожуф на С од Северјани, под Бела Чука Оровишта Όρόβιστο Врахаки Βραχάκιврв на Кожуф на СЗ од Северјани Плаца Πλάτσα Платома Πλάτωμαврв на Кожуф на С од Северјани Ликовина Λυκοβίνα Вотано Βότανοврв на Кожуф на С од Северјани и на ЈЗ од Зборско (1.024,7 м) Кутупи Κουτούπι Куцуро Κούτσουροмесност на С од Северјани Горско Γκόρστκο Дасико Δασικόмесност на Кожуф на СЗ од Северјани Прашник Πράσνικ Прасотопос Πρασσότοποςмесност на Кожуф на СЗ од Северјани, меѓу граничните пирамиди бр. 106 и 107
Население
Наводи
Категорија:Меглен