Општина Камено () — општина во Југоисточна Бугарија, една од составните општини на Бургаската област. Административен центар е градот Камено. Има 13.525 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во централниот дел на Бургаската област и има форма на буквата „С“. Со својата површина од 354,946 км2, таа го зазема 12-то, претпоследно место меѓу 13-те општини во областа, што претставува 4,58% од нејзината територија.

Самоуправа Општината се состои од 13 населени места, од кои 1 град и 12 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Винарско Вратица Жељазово град Камено Константиново Крстиња Ливада Полски Извор Русокастро Свобода Тројаново Трстиково Черни Врв

Наводи

Поврзано Област Бургас

Надворешни врски Мрежно место на Општина Камено

Камено