Натаниел Лорд Бритон (1859–1934) e американски ботаничар и таксоном кој е ко-основач на Њујоршката ботаничка градина во Бронкс, Њујорк.

Ран живот Бритон бил роден на 15 јануари 1859 година во Њу Дорп, округ Ричмонд, Њујорк (држава) како син на Џаспер Александар Хамилтон Бритон и Хариет Лорд Тарнер. Неговите родители сакале да студира религија, но тој бил привлечен кон изучувањето на природата уште од рана возраст.

Тој дипломирал на Рударскиот факултет при Универзитетот Колумбија, а потоа предавал геологија и ботаника на Универзитетот Колумбија. Веднаш по дипломирањето се приклучил на Ботаничкиот клуб Тори и бил член целиот свој живот. Бритон бил избран член на Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави, на Американската академија на уметности и науки, и на Американското филозофско друштво. Се оженил со Елизабет Гертруда Најт, бриолог, на 27 август 1885 година. Тие се запознале кога таа се приклучила на клубот и биле доживотни соработници во ботаничките истражувања.

Њујорк Ботаничка градина За време на нивниот меден месец во 1888 година, тие ги посетиле градините Кју, што довело до тоа неговата сопруга да предложи ботаничка градина за Њујорк на состанокот на клубот Тори. Заедно, тие воделе кампања за основање на NYBG. Бритон ја напуштил Колумбија во 1895 година за да стане првиот директор на Ботаничката градина во Њујорк, позиција што ја држел до 1929 година. Тој бил во првиот Управен одбор на институцијата, заедно со Ендру Карнеги, Џ. Пјерпонт Морган и Корнелиус Вандербилт II. Тој обезбедил значителна финансиска поддршка за ботаничката градина со именување на растенијата по богати придонесувачи.

Научно истражување Голем дел од неговата теренска работа ја извршувал на Карибите, каде што често доаѓал кога зимското време во Њујорк станувало премногу сурово. Неговиот придонес во проучувањето на карипската флора е неоспорен.

Тој ја напишал Илустрирана флора на северните Соединети Американски Држави, Канада и британските поседи (1896) со Адисон Браун, и Кактусите со Џозеф Нелсон Роуз.

Бритон е запаметен и како еден од потписниците на Американскиот кодекс за ботаничка номенклатура* , кој предложил толку радикални промени во правилата што ја регулираат номенклатурата, што не бил постигнат компромис (и не биле усвоени некои од главните американски одредби) сè до речиси 30 години подоцна.

Смрт и наследство Бритон починал во својот дом во Бронкс на 25 јуни 1934 година, откако доживеал мозочен удар 9 недели претходно.

Куќата во која живеел и работел, Котиџот Бритон, е зачувана во Историскиот град Ричмонд на Стејтен Ајленд.

Дела Џон Хендли Барнхарт приложил библиографија на сите дела на Бритон во „Биографски мемоари на Натаниел Лорд Бритон,1859-1934“, напишани од Елмер Дру Мерил и презентирани на Националната академија на науките на годишниот состанок во 1938 година. Во 1960 година, Хенри А. Глисон ја објавил Научната работа на Натаниел Лорд Бритон, каде што ги сумирал и дал коментари за раните ботанички активности на Бритон, ботаничките организации, неговата номенклатурна работа, Илустрираната флора, неговото водство на Њујоршката ботаничка градина, неговата Флора на Западна Индија, неговата Флора на Северна Америка, неговата Флора на Северна Јужна Америка, неговите Северноамерикански дрвја и неговата монографска работа.

Наводи

Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Професори на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Американски миколози Категорија:Починати во 1934 година Категорија:Родени во 1859 година