Балкански поход на Александар Македонски — низа воени дејствија на Александар Македонски во 335 г. п.н.е. против разни побунети вазали на Македонија. Александар успешно воспоставил мир во секоја држава, што му овозможило да го отпочне долго планираниот поход на Персија.
На 336 г. Филип II бил убиен од Павзаниј, старешина на неговата телесна стража, додека присуствувал на венчавката на ќерка си Клеопатра со Александар I Епирски (брат на Олимпијада) во Ајга. Благородништвото и војската го прогласил за крал неговиот син, престолонаследникот Александар.McCarty, Alexander the Great, стр. 30-31.* Plutarch, The Age of Alexander, стр. 262-263* Renault, The Nature of Alexander the Great, стр. 61-62* Fox, The Search For Alexander, стр. 72
Кога се разбрало за смртта на Филип, многу држави се кренале на бунт, меѓу кои Теба, Атина, Тесалија и тракиските племиња на север од Македонија. Штом чул за ова, Александар реагирал решително. Иако советниците го посоветувале да постапи со дипломатија, Александар ја собрал 3.000 коњаници и се упатил кон јужниот сосед Тесалија. Таму увидел дека тесалиската војска зазела превој помеѓу планините Олимп и Оса (Кишава), па наредил да се прејде Оса и се распоредил зад непријателскиот логор. Кога дознале за овој маневар, Тесалијците се предале, и нивната коњица се придружила на Александровата кон Пелопонез.McCarty, Alexander the Great, стр. 31.* Plutarch, The Age of Alexander, стр. 263* Renault, The Nature of Alexander the Great, стр. 72* Fox, The Search For Alexander, стр. 104* Bose, Alexander the Great's Art of Strategy, стр. 95
Александар запрел во преминот Термопили, каде бил признаен за водач на Светиот сојуз (Амфиктонија), па се упатил на југ кон Коринт. Атина побарала мир, Александар прифатил и ги помилувал сите учесници во бунтот. Во Коринт ја добил титулата „хегемон“ на грчките сили против Персија. Додека бил во Коринт разбрал за востанието на Тракијците на север.Bose, Alexander the Great's Art of Strategy, стр. 96.* Renault, The Nature of Alexander the Great, стр. 72
Тракија мини|250п|Македонската фаланга во Битката на колите против Тракијците во 335 г. п.н.е. Пред да прејде во Азија, Александар сакал да ја обезбеди северната граница и, во пролетта 335 г. п.н.е. навлегол во Тракија за да се справи со буната предводена од Илирите и Трибалите. По пат му се придружиле Агријаните, тракиско/пајонско племе под водство на неговиот пријател Лангар. Македонската војска стасала до Хајмос (Стара Планина), каде ги пречекал тракиски гарнизон кој ги запоседнал високите делови. Тракијците направиле палисада од запрежни коли, кои сакале да ги стркалаат врз македонската војска. Александар ѝ наредил на тешката пешадија да маршира во лабав строј и, кога ќе јурнат колите, да ги отворат редовите или да легнат на земја со штитовите врз себе. Штом влегле во домет, македонските стрелци почнале да стрелаат врз Тракијците, пореметувајќи им ја борбената линија, а во меѓувреме македонската тешка пешадија продолжила да напредува. Кога се искачиле на сртот, тие ги истиснале и разбиле Тракијците.Arrian, The Campaigns of Alexander, стр. 44.* Renault, The Nature of Alexander the Great, стр. 73
Спуштајќи се во крајот на Трибалите, Александар дознале дека нивниот крал Сирм го собрал народот близу реката Лигин (Брегалница). Кога ја дознал бројноста е македонската војска, Сирм се повлекол на островот Певки во реката Дунав. Македонската војска се упатила кон Сирм, но се соочил со втора трибалска војска која настапила одзади. Александар ја свртел војската и се соочил со неа. Трибалите се повлекле во клисура, но македонската лесна пешадија успеала да ги извлече. На отворен терен биле разбиени од Александровата пешадија и коњица, настрајувајќи со 3.000 жртви. Александар по Дунав донел бродови од Византион за да го нападне островот. Овој обид бил неуспешен поради брзата струја, стрмните брегови и жестокиот отпор. На крај Македонците се откажале од нападите на Певки и наместо тоа навлегле во територијата на Гетите.f 1.3
Македонците се упатиле кон Дунав каде преку реката ги пресретнало племето Гети. Бидејќи бродовите не успеале да влезат во реката, македонската војска направила сплавови од своите кожни шатори. Реката ја преминале 4.000 пешадијци и 1.500 коњаници, на големо чудење на 14-илјадната војска на Гетите. По првите судири со коњицата Гетите се повлекле, оставајќи го нивниот град во рецете на македонската војска.Arrian, The Campaigns of Alexander, стр. 45-48.* Renault, The Nature of Alexander the Great, стр. 73-74
Илирија
За да ги совлада илирските племиња во денешна Албанија, Александар морал го опсади утврдениот град Пелион.Hammond-Walbank, A History of Macedonia, стр. 39-48Ashley, The Macedonian Empire, стр. 171-175 За Александар било клучно да го заземе овој превој бидејќи тој овозможувал лесен пристап до Илирија и Македонија, кој бил итно потребен за да се задушат немирите во Атина и Теба во Грција. Ова била важна точка на почетокот на Александровото владеење, со тоа давајќи им на знаење на дунавските племиња на север дека имаат работа со озбилен владетел, што подоцна послужило како преседан за грчките полиси под негова хегемонија. Заземајќи го ова место, Александар можел бргу да се упати кон јужна Грција, што на крај довело до целосно уништување на Теба.
Теба
Битката кај Теба се одиграла помеѓу Александар и полисот Теба во 335 г. п.н.е. непосредно до градот, како и во самиот град. Откако станал хегемон на Коринтскиот сојуз, Александар се упатил на север за да се справи со бунтовите во Илирија и Тракија. Гарнизонот во Македонија бил ослабнат и Тебанците прогласиле независност. Тебанците одбиле да прифатат милосливи услови за предавање, поради што Александар го нападнал градот, го срамнил земја, а преживеаните ги продал во ропство.
Со уништуваето на теба, копнена Грција повторно му се потчинила на Александар, и тој конечно можел да го започне Персискиот поход долго го планиран од татко му Филип.
Поврзано Античка македонска војска Војни на Александар Македонски
Наводи
Библиографија
Категорија:Војни на Античка Македонија Категорија:Војни на Илирија Категорија:Војни на Стара Грција Категорија:Битки на Александар Македонски Категорија:Воени походи Категорија:335 п.н.е.