мини|десно|Улица во С’ботско С’ботско, со варијантите Суботско, Соботско и Саботско , Аридеа, до 1922 г. Σούμποσκο, Σούμποτσκο, Субоско, Субоцко,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σούμποσκον -- Αρδέα до 1951 г. Αρδέα, АрдејаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρδέα -- Αριδαία) — град во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 6.561 жител (2011).

Географија и местоположба Гратчето лежи во средиштето на областа Меглен, на надморска височина од 150 м. Оддалечено е 25 км од Воден.

Историја Поголем дел од населението на С‘ботско во минатото ја сменил верата, преоѓајќи во ислам заради семејна и имотна сигурност.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каботско (Kabotsko) село во Воденската Каза со 184 куќи, од кои 204 жители Македонци-христијани, а 503 жители се Македонци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век С’ботско (Субоско) било македонско муслиманско село со 467 мажи и 134 домаќиства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. С’ботско (Сѫботско) било наполно македонско село со 1.260 жители, од кои 460 Македонци-христијани и 800 Македонци муслимани.

Во 1890 г. во С’ботско проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2. Според егзархискиот секретар на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Суботско (Soubotsko) имало 656 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Во 1906 г. селото е прогласено за центар на Караџаовската каза. Во 1907 г. С’ботско е воспоставена бугарска црковна општина и во центарот е подигната голема двокатна зграда на училиштето и општината. Учители биле Симеон Михајлов од Велес, воспитаник на Солунската бугарска гимназија, Фанија Филева од Охрид и Георги Алаџов од Зарово, Лагадинско. Подоцна тука како учител се вработил и Аврам Шиленгов.Любенова, Лизбет. Последните български владици в Македония, Изток Запад, София, 2012, стр. 429.

До 1907 г. бугарската општина немала своја црква, туку ја користела онаа во Цакони. Истата година чиновницитеСимеон Михајлов, Иван Попантонов, претседател на бугарската општина и други мештани на бугарската општина на С’ботско се нападнати и убиени од грчки андарти биле андарти.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 3. во Цакони, престојувајќи во домот на Иван Цакончев.

Првата балканска војна С’ботско го зазела бугарска војска, која по борбите кај Нигрита е нападната од грчки единици, претрпувајќи загуби во човечки жртви и оставајќи други ранети. За да се расчисти инцидентот, создадена е анкетна комисија.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 161-162. Бугарскиот архијерејски наместник Никола Шкутов бил уапсен и испратен во Берскиот затворГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 185.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. С’ботско било припоено кон грчката држава, кога имало 1.561 жител. Во 1920 г. се евидентирани 1.636 жители. Со стапувањето на сила на Лозанскиот договор во 1924 г. муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се донесени Грци-бегалци, но и извесен број влашки семејства дојдени од Голема и Мала Ливада. Во 1928 г. С’ботско се води како мешано население од 1.044 жители, од кои дури 840 доселеници (204 семејства).

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица С’ботско со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел С’ботско, каде спаѓа и селото Волчишта.

Стопанство Населението се занимава претежно со земјоделство, одгледувајќи големи количества на овошје, индустриски пиперки, десертно грозје и други производи. Во гратчето има фабрика за преработување на пиперките во црвен пипер. Дел од мештаните работат во подрачните и општинските служби.

Личности мини|десно|Никодим Царкњас на средба со деца бегалци во С’ботско Никодим Царкњас (р. 1942) — македонски духовник, поборник за правата на Македонците во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Матична страница