200п|мини|Синаксар од 11 век Синаксар — литургиски текст во православната црковна традиција кој се чита на утрената. Текстот се состои од историски податоци за некој празник или светител. Збирката од такви синаксари ја сочинува книгата наречена Пролог. Во посниот и цветниот триод, почнувајќи од Неделата на митарот и фарисејот до Неделата на сите свети, синаксарите се поместени по шестата песна од канонот.

Со својата содржина, синаксарот не е само историски запис, туку и духовна поука. Во него се опишуваат подвизите и страдањата на светците, се објаснуваат настани од историјата на спасението, и се нагласува врската меѓу празникот и животот на верниците.

Етимологија Зборот „синаксар“ доаѓа од грчкиот „συναξάριον“, што значи „собир“ или „собрание“. Името укажува на тоа дека текстот е дел од собирот на верниците во богослужбата, каде преку читањето се потсетуваат на духовните примери и значењето на денот.

Наводи

Категорија:Православни литургиски денови Категорија:Христијански поими Категорија:Грцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ