Општина Бјала () — општина во Северна Бугарија, една од составните општини на Русенската област. Административен центар е градот Бјала. Има 12.949 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во јужниот дел на Русенската област. Со својата површина од 352,612 km2 го зазема 4-то место меѓу 8-те општини во областа, што претставува 12,18% од нејзината територија.

Релјефот на општината е рамничарско-ридски, карактеристичен за Дунавската Рамнина. Главна водна артерија во општината е реката Јантра, која поминува во близина на административниот центар.

Самоуправа Општината се состои од 11 населени места, од кои 1 град и 10 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Бистренци Босилковци Ботров Бјала Дрјановец Копривец Ловско Пејчиново Пет Кладенци Полско Косово Стрмен

Поврзано Русенска област Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Бјала

Бјала