Луковичеста каменоломка () — тревесто растение од семејството на каменоломките (Saxifragaceae). Видот се среќава во средна, јужна и југоисточна Европа.

Опис и одлики Ова е повеќегодишно растение високо од 20 до 40 см. Стеблото е единечно, густо покриено со долги повеќеклеточни жлездести влакна. Базалните листови формираат розета; во нивните пазуви и во пазувите на стеблените листови се развиваат булбили (луковичести пупки) што отпаднуваат, се вкоренуваат и создаваат нови растенија. Листовите при основата се речиси округли, крупно назабени со тапи запци, во основата срцевидни или бубрежести, со жлездести влакна на двете страни и по рабовите; дршката е подолга од плочката и густо влакнеста. Листовите на стеблото се јајцевидно-копјести, спирално распоредени, значително помали, целокрајни или назабени, со клиновидна основа и булбили во пазувите. Долните стеблени листови имаат кратки дршки, горните се приседнати. Цветовите (3–20) се групирани на врвот во штитообразно соцветие, збиени и со булбили во пазувите на прицветниците. Чашката е влакнеста; чашкините ливчиња се 2–3 мм, јајцевидно-копјести, тапи на врвот, прилегнати кон венечните. Венечните ливчиња се бели, обратно јајцевидно-копјести, со жлездести влакна на горната површина. Прашниците се со должина еднаква на чашкините ливчиња. Плодникот е полупотцветен.

Се среќава на брдски пасишта и варовнички камењари до 1.700 м надморска височина. Широко распространет вид во Македонија до 1.700–1.800 м надморска височина.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија