Црна Гора - земја која се наоѓа во Југоисточна Европа која не е ниту членка на Европската Унија (ЕУ) ниту на Еврозоната, ниту пак има формален монетарен договор со ЕУ. Сепак, таа е една од двете територии (заедно со Косово) кои еднострано го воведиле еврото во 2002 година како своја де факто домашна валута и законско средство за плаќање.
Историја На почетокот на 20 век, за време на краткотрајното Кралство Црна Гора, владата го вовела црногорскиот перпер од 1906 до 1918 година. Сепак, паралелно се користеле и други странски валути, како што е австриската круна . Од 1922 до 1941 година, како дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна познато како Кралство Југославија, Црна Гора ја користела официјалната валута на земјата, југословенскиот динар .
Југословенски динар
Откако Црна Гора станала дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија по Втората светска војна, таа била врзана за југословенската монетарна политика и користела југословенски динар како своја официјална валута до 1999 година.Fabris, N. (2014) “The History of Money in Montenegro”, Central Bank of Montenegro and Faculty of Economics, Belgrade University. Journal of Central Banking Theory and Practice, pp. 5-18 По распадот на СФРЈ, во 1992 година поранешните републики Црна Гора и Србија ја формирале Сојузна Република Југославија. Во новата држава, монетарниот систем бил повторно централизиран, при што Народната банка на Црна Гора ја изгубила својата автономија и станала регионална канцеларија на Народната банка на Југославија со седиште во Белград.Liebscher, K., Christl, J., Mooslechner, P., Ritzberger-Grünwald, D. (2005) “European Economic Integration And South-East Europe: Challenges And Prospects”, Edward Elgar Pub, pp. 155-176
Високо ниво на монетарна и финансиска централизација било воспоставено, што станало лесно за манипулација и овозможило бројни злоупотреби поради непостоењето на правна држава и финансиска дисциплина, што резултирало со хиперинфлација во периодот 1992–94.Bogetic, Z., Petrovic, P., Vujosevic, Z.,(1999) “The Yugoslav Hyperinflation of 1992-1994: Causes, Dynamics, and Money Supply Process”, По распадот на заедничкиот пазар и истовремените избувнувања на војни во две поранешни југословенски републики, месечната стапка на инфлација во Србија и Црна Гора изнесувала 50% во февруари 1992 година, достигнувајќи 100% во јуни истата година. Ова предизвикало тешка и продолжена хиперинфлација, една од најлошите и најдолгите во историјата, која довела до разорување на регионот. Југословенскиот динар се сметал за една од најслабите валути во светот.
Германска марка
На почетокот на 1999 година, владата започнала да бара начин да ги заштити економските интереси на Црна Гора и нејзината монетарна независност. Владата воспоставила двовалутен систем, во кој и динарот и марката започнале да се користат. Одлуката била главно поттикната од нестабилната, експанзивна монетарна политика на НБЈ.Ö. Olgu (2011) "European Banking: Enlargement, Structural Changes and Recent Developments". Palgrave Macmillan Studies in Banking and Financial Institutions.Regulation on the Use of the German Mark as the Means of Payment With a View to Protecting the Economic Interests of Montenegro (Official Gazette of the RM, no. 41/99 and 22/00)/Службен весник на РМ, бр. 41/99 и 22/00
Воведувањето на супституција, како и подобрувањето на состојбата во монетарниот, финансискиот и банкарскиот сектор во Црна Гора, резултирло со зголемување на довербата на граѓаните во новиот монетарен режим. Од јануари 2001 година земјата одлучила да ја прифати германската марка како единствено законско средство за плаќање, бидејќи доволна количина германски марки веќе била во оптек, па затоа немало потреба од користење на динарот како национална валута.
Евро
На 1 јануари 2002 година, евробанкнотите и монетите официјално биле пуштени во оптек во многу европски земји, вклучувајќи ја и Германија, каде германската марка претходно била официјална валута. Така германската марка престанала да биде законско средство за плаќање веднаш по воведувањето на еврото. По овие настани на почетокот на 2002 година, Црна Гора одлучила официјално и еднострано да го прифати еврото, прво како паралелно законско средство за плаќање со германската марка, а од март 2002 година како единствено законско средство за плаќање.Razmi, A.,(2018) “Montenegro’s Unilateral Euroization”, UMASS Amherst Economics Working Papers 2018-13, University of Massachusetts Amherst, Department of Economics. Главните мотиви биле исти како и претходно – обезбедување монетарна стабилност и избегнување на високата/хиперинфлација забележана во претходните децении.Winkler, A., Mazzaferro, F., Nerlich, C., Thimann, C., (2004). "Official dollarisation/euroisation - motives, features and policy implications of current cases." Occasional Paper, European Central Bank. Во ноември 2018 година, Централната банка на Црна Гора, Европската централна банка и Европската комисија склучиле договор за соработка во врска со заштита на еврото од фалсификување.
Монети За разлика од земјите-членки на Еврозоната, Црна Гора нема овластување да кова сопствени евро монети и затоа нема своја национална страна на монетите во употреба. Наместо тоа, таа зависи од банкноти и монети кои веќе се во оптек.
Земјите од Еврозоната имаат заедничка задна страна, која прикажува карта на Европа, но имаат сопствен дизајн на предната страна, што значи дека секоја монета има разновидни дизајни во истовремен оптек. Четири европски микродржави (Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан) кои го користат еврото како своја валута исто така имаат право да коваат монети со сопствен дизајн на предната страна.
Став на ЕУ Кога Црна Гора започнала да го користи еврото како национална валута, ЕЦБ првично не се спротивставила на овој чекор. Сепак, подоцна, Европската комисија и ЕЦБ изразииле незадоволство од едностраното користење на еврото од страна на Црна Гора, при што портпаролката на Европската комисија, Амелија Торес, изјавила во 2007 година дека „Условите за усвојување на еврото се јасни. Тоа значи, пред сè, да се биде член на ЕУ“. Исто така, во Декларацијата приложена кон Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ е наведено дека „едностраното воведување на еврото не е во согласност со Договорот“. И покрај тоа што Црна Гора станала кандидат во 2010 година, Европската Унија продолжила да го доведува во прашање користењето на еврото од страна на Црна Гора. Употребата на крајот била признаена од страна на Европската комисија преку специфичен пристап, кој зема предвид дека евроизацијата се случила поради „исклучителни околности“ присутни во земјата во моментот на воведувањето на еврото. Како резултат на тоа, Црна Гора сè уште продолжува да ја користи валутата евро како законско средство за плаќање.
Став на Црна Гора Претставници на Народната банка на рна Гота во повеќе наврати укажале дека европските институции очекуваат Црна Гора строго да се придржува до правилата на ЕРМ, како дел од пристапните процедури кон Европската Унија. Во 2009 година, Никола Фабрис, главен економист на Народната банка на Црна Гора, истакнал дека ситуацијата била поинаква кога Црна Гора го усвоила еврото и дека други држави кои размислувале за еднострано усвојување на еврото, како што е Босна и Херцеговина, би се соочиле со санкции од ЕУ, вклучувајќи и суспензија на нивниот пристапен процес.
Спорот околу користењето на еврото се очекувало да биде решен за време на пристапните преговори. Дипломатите укажале дека е малку веројатно Црна Гора да биде принудена да го прекине користењето на еврото. Во 2013 година, Радоје Жугиќ, министер за финансии на Црна Гора, изјавил дека „би било економски нерационално да се врати на сопствена валута, само за подоцна повторно да се врати на еврото“. Наместо тоа, тој се надева дека на Црна Гора ќе ѝ биде дозволено да го задржи еврото и ветил дека „владата на Црна Гора ќе исполни некои важни услови за задржување на еврото, како што е фискалната дисциплина“. Слично, во 2025 година, претседателот Јаков Милатовиќ го опиша усвојувањето на друга привремена валута пред формалното влегување во Еврозоната како „исклучено“.
Тековен статус Во 2007 година Црна Гора потпишала Договор за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, потоа поднела барање за членство во декември 2008 година и конечно добила статус на официјален кандидат во 2010 година. Во 2012 година, Црна Гора станала првата земја од сегашните шест држави од Западен Балкан која започнала пристапни преговори со ЕУ и до денес, според многу официјални лица, е водечки кандидат на патот кон членство во ЕУ.
Како дел од тековните преговори, ЕУ ќе треба да се справи со овој невиден случај во кој една држава, која веќе ја користи заедничката валута без да ги исполни сите задолжителни економски услови, се стреми да се приклучи кон ЕУ и Еврозоната. Овие услови (критериуми за конвергенција) се утврдени во член 140 (1) од Договорот за да се осигура дека одредена земја е подготвена за интеграција во монетарниот режим на Еврозоната. Постојат четири економски критериуми за конвергенција:
Ценовна стабилност: Стапката на инфлација не смее да биде повисока од 1,5 процентни поени над стапката на трите најуспешни земји-членки. Здрави и одржливи јавни финансии: Буџетскиот дефицит не смее да надминува 3% од БДП. Јавниот долг не смее да надминува 60% од БДП. Стабилност на девизниот курс: Кандидатот мора да учествува во механизмот на девизен курс (ЕРМ II) најмалку две години без значителни отстапувања од централниот курс и без девалвација на својата валута во однос на еврото во истиот период. Долгорочни каматни стапки: Долгорочната каматна стапка не смее да биде повисока од два процентни поени над стапката на трите најуспешни земји-членки во однос на ценовната стабилност.
Дополнително, за да се приклучат кон Еврозоната, кандидатите мора да обезбедат дека нивните национални закони гарантираат независност на нивните централни банки и дека нивните статути се усогласени со одредбите на договорите и компатибилни со статутите на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки.
Договорот од Мастрихт предвидува дека сите земји членки на Европската Унија на крајот ќе се приклучат кон евро-зоната, откако ќе ги исполнат критериумите за конвергенција.
До денес, патот на Црна Гора кон Европската Унија и последователно кон членство во Еврозоната сè уште не е јасен. Некои експерти сметаат дека во ваква ситуација критериумите за конвергенција треба да се постават како дополнителен предуслов за членство на Црна Гора во Европската Унија и да се исполнат пред земјата да се приклучи кон Унијата.
Белешки
Наводи
Категорија:Пари во Црна Гора