мини|Портрет на Бас од Карла Роденберг (2005) Питер Бас (роден на година - починал на година) — холандски ботаничар и заслужен професор по систематика на растенијата на Лајденскиот универзитет, кој бил истакнат член на Меѓународната академија за наука за дрво.

Бас служел како директор на Национален Хербариум на Холандија на Лајденскиот Универзитет во периодот од 1991 до 1999 година. Кога во 1993 година институтот се соочил со намалување на буџетот, тој успеал да ја зачува колекцијата со тоа што ја споил со универзитетските ботанички збирки од Ванегингенскиот универзитет и Утрехтскиот универзитет. Оваа интеграција довела до основање на Национален Хербариум на Холандија во 1999 година. Потоа Бас станал директор на новиот институт и ја извршувал таа функција сè до 2005 година.

Бас како ботаничар се специјализирал за дрвна анатомија и бил почесен член на Интернационалната Академија на Дрвна наука. Голем дел од неговата пионерска научна работа во областа на дрвната анатомија ја изведувал заедно со американската ботаничарка и научничка за дрво, Елизабет Вилер.

Ран живот и кариера Бас бил роден на 28 април 1944 година во општина Вирингермер.

Бас пораснал со широк интерес за науката. На 17-годишна возраст, додека берел компири, видел крастава жаба Натерџек како преминува патека, ја ценел убавината на природата и решил да студира природна историја откако претходно размислувал да студира историја.

Во 1962 година Бас започнал да студира биологија на Лајденскиот Универзитет. Во првата година од студиите, тој не ја сакал растителната систематика, бидејќи речиси немал познавање ниту на растенија ниту на животни. Наместо тоа, повеќе го привлекувале растителната анатомија и физиологија. Додека студирал, му била понудена работа во Холандскиот хербариум на Универзитетот Лајден од неговиот директор Корнелис Гијсберт Герит Јан ван Стенис. Бас ја одбил понудата, бидејќи немал интерес да работи во хербариум.

За својата последна студиска година, тој сакал да престојува во Кралските ботанички градини во Кју. Ван Стеенис се согласил, под услов Бас да посетува курс по систематика. Помеѓу 1968 и 1969 година, Бас студирал во Лабараторијата Џордел на Кралските ботанички градини во Кју под менторство на професорот Чарлс Расел Меткалф. По враќањето од Обединетото Кралство, Бас повторно се обратил до Ван Стеенис и побарал да биде вработен како експерт за дрвна анатомија.

Во 1969 година тој станал вработен во Холандскиот хербариум. Во 1975 година Бас го стекнал својот докторат по дрвна анатомија со теза насловена: „Компаративна анатомија на Ilex, Nemopanthus, Sphenostemon, Phelline и Oncotheca“.

Во 1987 година станал професор по растителна систематика на Лајденскиот Универзитет. Во 1989 година бил претседател на организацискиот комитет за првиот симпозиум Flora Malesiana. Во 1991 година станал редовен професор, наследувајќи го Корнелис Калкман.

Национален хербариум на Холандија Во 1991 година, Бас стана научен директор на Холандскиот хербариум. Врз Бас бил извршен притисок да ја преземе позицијата од Корнелис Калкман. Иако задоволен како истражувач и не многу заинтересиран за насочување и управување, Бас ја презел позицијата директор од чувство на должност.

Две години по неговото назначување како директор, Холандскиот хербариум се соочил со план на деканот на Факултетот за математика и природни науки на Лајденски Универзитет за намалување на буџетот за половина, што би го принудило Бас да го отпушти целиот научен кадар.

Бас ја информирал кралицата Беатрис за овој план. Таа потоа разговарала за прашањето со министерот за образование, култура и науки, Џо Рицен. Рицен првично бил наклонет кон идејата збирката да се врати во земјите од кои потекнуваат нејзините делови. Следела шестгодишна борба, по која Министерството одвоило средства за одржување на широковредносни биолошки колекции. Бас ова го опишал како „неговиот најдобар момент“.

Универзитетскиот одбор и Кралска холандска академија на уметностите и науките му помогнале на Бас во неговата намера да се зачува колекцијата, при што бил формиран и посебен фонд.

Во 1999 година бил формиран Холандскиот хербариум, кој произлегол од спојувањето на хербариумските колекции на универзитетите во Лајденски Универзитет, Универзитетот Утрехт и Универзитетот Вагенинген.

Бас станал директор на новоформираниот Национален Холандски хербариум.За време на неговиот мандат како директор, Бас успеал значително да ги унапреди процесите на дигитализација и проектите за заштита на природата во рамките на институтот Национален Холандски хербариум. Дополнително, започнато било и првичното ДНК секвенционирање на колекцијата, што претставувало важен чекор кон модернизација на ботаничките истражувања. Потоа, Националниот хербариум се здружил со Центар за биодиверзитет „Натуралис“, Зоолошки музеј во Амстердам и Централно биро за габични култури, со што било создадено големо централно истражувачко средиште за биодиверзитет.

Бас се пензионирал како професор во април, а како директор во септември 2005 година, и бил наследен од Ерик Сметс. До возраст од 65 години, тој продолжил да работи со договор за нула работни часови во институтот, а потоа повторно се вратил на своите истражувања во областа на дрвната анатомија. Од 2013 година тој сè уште бил активен како професор емеритус и почесен член на научниот кадар во Центар за биодиверзитет „Натуралис“, кој претставува наследник на Национален Холандски хербариум.

Истражување Главното истражување на Бас било во еволуцијата на анатомската разновидност во дрвото и во значењето на биологијата на дрвјата во однос на глобалните промени во животната средина. Тој бил заинтересиран и за анатомијата на растенијата, и систематска и филогенетска, културата на дрвото, биодиверзитетот, биоисторијата, конзервацијата, како и за микроскопската идентификација на дрвото. Тој ја проучувал улогата на ботаничките градини во образованието и истражувањето.

Од 1976 година, Бас бил главен уредник на списанието на Меѓународното здружение на дрвени анатоми. Како експерт за анатомија на дрво, од Бас понекогаш се барало да биде научен експерт за полициски истраги во врска со дрвено оружје или алатки.

Награди, почести и личен живот Во 1987 година, Бас станал дописен член на Ботаничкото друштво на Америка и член на Кралската холандска академија на уметностите и науките во 2000 година. Тој бил избран за член на Меѓународната академија за наука за дрво. Во 2003 година го освоил Линеовиот медал на Линеовското друштво во Лондон. Бас станал витез во Редот на холандскиот лав во 2005 година. Ilex baasii и Baasoxylon се именувани по него.

Додека бил во Шри Ланка во 2004 година, Бас го преживеал цунамито во Индискиот Океан. Починал на 29 април 2024 година, на 80-годишна возраст.

Наводи

Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Починати во 2024 година Категорија:Родени во 1944 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки