Вилијам Ајтон (роден во 1731 — починал на година) — шкотски ботаничар.
мини|Гробницата на семејството Ајтон Ајтон бил роден во близина на Хамилтон. Редовно се обучувал за професијата градинар, па во 1754 година заминал во Лондон каде станал помошник на Филип Милер, тогашен надзорник на Челсиевата физичка градина. Во 1759 година бил назначен за директор на новоформираната ботаничка градина во Кју, каде што останал до својата смрт. Направил многу подобрувања во градините, а во 1789 година го објавил „Hortus Kewensis“, каталог на растенијата што се одгледуваат таму. Погребан бил во блиската црква „Света Ана“, во Кју.
Второто и проширено издание на Hortus било објавено во 1810–1813 година од неговиот најстар син, Вилијам Таунсенд Ајтон.
Ајтон е одбележан со специфичниот епитет aitonis.
Во 1789 година, тој го класифицирал растението Sampaguita во родот Jasminum, а го нарекол и арапски јасмин, бидејќи се верувало дека растението потекнува од Арапскиот Полуостров иако растението не потекнува од Арабија.
Избрани публикации
Наводи
Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Починати во 1793 година Категорија:Родени во 1731 година Категорија:Шкотски ботаничари