Џорџ Френсис Аткинсон (роден на година - починал на година) — американски ботаничар и миколог.

Тој бил роден е на 26 јануари 1854 година, во Рејзинвил, Мичиген, а починал на 14 ноември 1918 година. Џорџ бил син на Џозеф и Џозефин Аткинсон. Исто така студирал на Оливетскиот колеџ од 1878 до 1883 година и ја стекнал својата диплома од Универзитетот Корнел во 1885 година. Најпознат е по своите придонеси во областите на микологија и ботаника.

Кариера Тој бил асистент професор по ентомологија и зоологија од 1885 до 1886 година и вонреден професор од 1886 до 1888 година на Северокаролинскиот универзитет. Исто така бил професор по ботаника и зоологија на Јужнокаролинскиот универзитет од 1888 до 1889 година и ботаничар на Експерименталната станица на Универзитетот. Од 1889 до 1892 година предавал биологија на Алабамскиот земјоделски и машински колеџ, од 1892 до 1893 година бил асистент професор по криптогамска ботаника на Универзитетот Корнел, потоа вонреден професор (1893–1896), а од 1896 година станал претседател на Одделот за ботаника. Тој бил претседател на Американското ботаничко друштво во 1907 година, избран во Американското филозофско друштво во 1913 година, и бил избран во Националната академија на науките во пролетта 1918 година. Неговиот хербариум од примероци од габи се наоѓа во Корнелскиот хербариум за патологија на растенија.

Тој бил автор на книгата „Први студии за растителниот свет“ (1901), која била учебник за движењето на природните науки. Британско издание било објавено во 1905 година, кое било ревидирано од Емили Маргарет Вуд со нови примери за растенија, илустрации и фотографии за британскиот пазар.

Аткинсон починал од грип и пневмонија на 14 ноември 1918 година. 

Наводи

Надворешни врски

Биографски мемоари на Националната академија на науките

Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Професори на универзитетот „Корнел“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Корнел“ Категорија:Починати во 1918 година Категорија:Родени во 1854 година Категорија:Американски миколози Категорија:Американски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американско ботаничко друштво