Општина Бојница () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Видинската област. Административен центар е селото Бојница. Има 882 жители (2022).
Географија Општината е сместена во северозападниот дел на Видинската област. Со својата површина од 187,361 km2, таа го зазема 8-то место меѓу 11-те општини во областа, што претставува 6,13% од вкупната територија на областа. Релјефот на општината е рамничарски и ридски. Територијата е претежно земјоделска и се граничи со Србија на запад.
Самоуправа Општината се состои од 8 села. Список на населените места:
Бојница Бориловец Градсковски Колиби Каниц Периловец Рабиша Шипикова Махала Шишенци
Поврзано Област Видин Општини во Бугарија
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Бојница
Бојница