Керол Баскин — професорка на Кентакискиот универзитет, позната по својата работа на екологијата на растенијата. Таа е поврзана со биологијата, екологијата и растителните науки на Универзитетот.
Ран живот и образование Баскин пораснала во Северна Каролина на тутунска фарма. Своето рано образование го стекнала на Академијата Монтверде, каде што дипломирала во 1960 година. Потоа ги продолжила додипломските студии на колеџот „Флорида Саутерн“, каде што се стекнала со диплома за наука во 1964 година. Во 1968 година го завршила докторатот по биологија на Универзитетот „Вандербилт“ . Започнала да работи како професорка на Кентакискиот универзитет во 1999 година. Таа била претседателка во 1998 година на Американското ботаничко друштво.
Истражување Баскин е позната по својата работа во областа на екологијата на растенијата, поточно во нејзините студии за биологијата на семето. Нејзиното истражување се фокусира на еколошките, биогеографските и еволутивните делови од мирувањето на семето. Таа е соавтор на книгата „Семиња: Екологија, биогеографија и еволуција на мирувањето и 'ртењето“, која била ажурирана во 2014 година. Ова дело ги испитува врстите на мирување на семето, нивното значење и нивната улога во животните циклуси на растенијата низ целиот свет. Таа, исто така, работела на зачувување и биогеографија на растителните таксони ендемски за варовничките кедрови чистинки во источните Соединети Држави.
Керол водела обемни истражувања на Синѓангскиот земјоделски универзитет заедно со својот сопруг. Таа била задолжена за проучување на механизмите за адаптација на растенијата ендемски за пустината. Некои области од покраината што ги проучувал нејзиниот тим во текот на 7 години вклучуваат сливот Ѓуенгар, долината на реката Јили, планините Атлај и сливот Тарим. Нејзините придонеси во областа не се ограничени само на нејзината сопствена работа, бидејќи таа постојано придонесува и уредува публикации што излегуваат од покраината.
Почести и награди Во 2001 година, Баскин и нејзиниот сопруг, Џери М. Баскин, биле прогласени за истакнати членови на Американското ботаничкото друштво. Баскин ја добила Тјеншановата награда во 2012 година од Синѓангскиот земјоделски универзитет. Во 2017 година ја добила наградата за наука поврзана со семе од Американското друштво за наука на култури.
Наводи
Категорија:Американски научници Категорија:Американски екологисти Категорија:Професори на Кентакискиот универзитет Категорија:Американско ботаничко друштво