Buglossoides arvensis (syn. Lithospermum arvense) е цветно растение од семејството Boraginaceae. Потекнува од Европа и Азија, дури на север до Кореја, Јапонија и Русија, a на југ расте до Авганистан и северен Пакистан. Познат е на други места како донесен вид, вклучувајќи го поголемиот дел од Северна Америка и Австралија.

Опис и распространетост Едногодишно растение. Стеблото е високо 10–45 цм, вертикално, неразгрането или разгрането во горниот дел, поретко од основата, препокриено со прилегнати, прости, четинести влакна. Листовите се долги 8–52 мм, 1–7 мм широки, од двете страни со прилегнати, прости четинести влакна. Базалните и долните листови се долгнавесто-лопатовидни или долгнавесто обратнојајцевидни, затапени, постепено стеснети во дршка за време на цветањето исушени или свенати. Цветовите поединечни или во парови по два, приседнати или на куси дршки, собрани во густи цимозни соцветија кои при формирањето на плодот силно се издолжуваат. Венчето е 6–8 мм долго, бело или нечисто бело, инковидно.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 87, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Расте покрај патишта, железнички пруги, меѓи на ниви, во клисури, житни посеви, ливади, брдски паси{шта, на надморска височина до 1400 метри.

Во Македонија Познат е за Скопје, Гази Баба, Водно, Жеденска Клисура, клисурата на реката Пчиња, Таорска Клисура, Велес, Куманово, Пробиштип, Кочани, Оризари, Осогово, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, Сува Гора, Маврово, Бистра, Охрид, Крушево, Прилеп, Мариово, Селечка Планина, Кавадарци, Неготино, Криволак, Демир Капија, Валандово, Огражден. Се посочува за Битола, Струмичко, Зелениково, Дабница, Цапари, Валандово, Раброво, Гевгелија, Удово, Маријанска Планина, Дојран, Скопска Црна Гора, Охрид, и други места.

Подвидови Прифатени се три подвида.

Buglossoides arvensis subsp. arvensis Buglossoides arvensis subsp. occidentalis Buglossoides arvensis subsp. sibthorpiana

Употреба Европската Унија го вбројува рафинираното масло од семето на Buglossoides arvensis со статус на нова храна, а некои земјоделци го одгледуваат комерцијално во Обединетото Кралство како патентирана и заштитена сорта за растителна сорта. Маслото од семе содржи високи нивоа (63–72%) на омега-3 ALA, омега-3 SDA и омега-6 GLA, и има статус на генерално безбеден за употреба од Администрацијата за храна и лекови на САД, во Канада и статус на нова храна во ЕУ за добиток и животни за придружба. Маслото од семе, исто така има одобрение за употреба во Австралија, Бразил, а ограничени одобренија за употреба како храна во Кореја и Јапонија.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Саудиска Арабија Категорија:Флора на Русија Категорија:Флора на Пакистан Категорија:Флора на Непал Категорија:Флора на Малта Категорија:Флора на Јапонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија