Мелбурн Роберт Креншо (10 декември 1932 — 2 ноември 2016) — американски џез басист. Го достигнал неговиот кариерен врв додека бил хаус басист за „Блу Ноут Рекордс“. Познат е по својата долгогодишна соработка со Сони Ролинс, почнувајќи со настап во живо на еден џез фестивал под името „Плејбој“ во Чикаго во 1959 година и албумот на Ролинс „Мостот“ од 1962 година.

Креншо починал на 83-годишна возраст на 2 ноември 2016 година, во Менхетен, Њујорк, од рак.

Ран живот Креншо бил роден на 10 декември 1932 година во Еванстон, Илиноис. Неговите родители биле од мадагаскарско и индијанско потекло. Неговиот татко, Стенли Ирвин Креншо, бил џез тапанар од Канзас Сити кој се преселил во Еванстон и работел како електричар. Братот на Боб, Стенли Џуниор, станал џез пијанист. Додека нивниот посвоен брат Емануел станал вибрафонист.

Кариера Во интервју за „Њујорк тајмс“ од 2016 година, Ролинс го нарекол Креншо „беспрекорен“ и рекол дека: „свирел со речиси секој музичар во Њујорк“. Покрај петте децении каде што соработувал со Ролинс, Креншо придонел и за „The Sidewinder“ на Ли Морган и „Inner Urge“ на Џо Хендерсон.

Креншо настапил со Вес Монтгомери, Колман Хокинс, Џони Хоџис, Хорас Силвер, Мекој Тајнер, Телониус Монк, Џими Хит, Џејмс Муди, Бади Рич, Џорџ Ширинг, Џо Вилијамс, Ела Фицџералд и Оскар Питерсон. Тој исто така соработувал и со музичари кои што биле надвор од сферата за џез, вклучувајќи ги Пол Сајмон, Бери Манилоу, Еди Кендрикс, Џуди Колинс, Род Стјуарт, Стиви Вондер, Ерик Клептон, Доли Партон, Марвин Геј, Џејмс Браун и Деби Гибсон.

Креншо имал богата кариера на телевизија. Тој бил член на првиот бенд за „Сатердеј Најт Лајв“ и на бендовите што ги поддржувале емисиите на Дик Кавет и Мерв Грифин. Исто така, креншо свирел три децении заедно со Џо Рапосо компонирајќи музика за „Сезам Стрит“.

Тој бил активен поддржувач на Џез фондацијата на Америка и Американската федерација на музичари.

Наводи

Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Џез-музичари Категорија:Американски џез-музичари Категорија:Басисти