Општина Кула () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Видинската област. Административен центар е градот Кула. Општината има 3.811 жители (2022).

Географија Општината е сместена во западниот дел на Видинската област. На запад граничи со Србија, каде се наоѓа и граничниот премин Вршка Чука. Со површина од 279,37 км2 го зазема 6-то место меѓу 11-те општини во областа.

Релјефот на општината е ридски и нископланински. Територијата е дел од западните падини на Предбалканот.

Самоуправа Општината се состои од 9 населени места, од кои 1 град и 8 села.

Големаново Извор Махала Коста Перчево Кула Полетковци Старопатица Тополовец Цар-Петрово Чичил

Наводи

Поврзано Област Видин Општини во Бугарија

Надворешни врски Мрежно место на Општина Кула

Кула