Иван Николов Бојаџиев, познат по псевдонимите Роберт Крајман и Semperst 33/10 Vien (Велес, 1901 — Виена, 1930) — истакнат македонски револуционер и општестевник. Основач и раководител на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Деец на Сојуз на македонските студенски друштва во странство.
Животопис Иван Бојаџиев е роден во 1901 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство.Алманах на българските национални движения след 1878, Академично издателство „Марин Дринов“, София 2005, с. 269. Произлегува од македонско револуционерно семејство. Неговиот татко Никола Бојаџиев бил револуционер и деец на Македонската револуционерна организација, помогнал со организирање на Гевгелискиот револуционерен реон. Неговиот чичко, Михаил Бојаџиев, бил член на Македонскиот научен институт и дел од десетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. Стекнал основно и гимназиско образование во неговиот мајчин град. Продолжил со неговото више образование во Загрепскиот универзитет за машинско инженерство.
Во март 1922 година Бојаџиев заедно со претставници од Сојузот на македонските студенски друштва во странство, ја основале Македонската младинска тајна револуционерна организација.Колектив. Македония – история и политическа съдба (1912 – 1941), Том II, Издателство „Знание“ ООД, 1998, стр. 215, 225, 227. Под негово раководство, организацијата основала база во Загреб и подоцна се проширила во Вардарска и Егејска Македонија. Се борел за македонското национално движење и решение на Македонското прашање. Во 1927 година, за време на Скопските студенски процеси Бојаџиев успеал да избегне во Виена, Австрија. Останал во контакт со Димитар Ѓузелов кој, преку дешифрирани писма, го известил за положбата на организацијата после големата провала.
Во 1930 година се заболел со туберкулоза. Истата година починал во Загреб.
Наводи
Категорија:Родени во 1901 година Категорија:Починати во 1930 година Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Виена Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на ММТРО Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет