Орманли или Орманлија (, Дасохори; до 1927 г. Ορμανλή, Орманли) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле северозападно од Сер и југозападно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Орманли било чисто македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Орманле (Ormanlé) имало 6 домаќинства сочинети од 26 жители Македонци.

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 300 жители Македонци.

Сите жители на Орманли биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орманлија (Ormanlia) живеле 144 Македонци патријаршисти и 36 Роми.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Орманли се попишани 318 жители, а во 1920 г. населението пораснало на 345 лица. Населението им се спротивставувало на силните притисоци на власта да се иселат, па затоа во селото насила биле доведени грчки колонисти. Најпрвин власта ги привремено ги ставила дојденците да живеат во македонските домови заедно со нивните стопани, а потоа ги префрлила во нови куќи. Во 1926 г. селото е преименувано во Дасохори, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г. На пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 922 жители, од кои 540 лица (134 семејства) биле грчки дојденци.

+ Месности во Орманли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Амуш Пеливан Άμούς Πελιβάν Палестра Παλαίστρα местност на ЈЈЗ от Орманли Чавдарка Τσαβδάρκα Сикалотопос Σικαλότοπος местност на ЈИ од Чавдар; Коли Бунар Κολί Μπουνάρ Пиги Πηγήмесност на Ј од Орманли Орман Πτελέα Όρμάν Фтелиес Φτελιέςмесност на ЈЗ од Орманли

Население

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Долна Џумаја