Ледени војници () — канадски акционен научнофантастичен филм од 2013 г. во режија на Стурла Гунарсон, а во главните улоги настапуваат Доминик Персел, Адам Бич и Мајкл Ајронсајд. Во филмот, Малро (Персел) и екипа канадски научници ослободуваат група замрзнати војници од советската епоха што се обидуваат да ја завршат својата првобитна мисија: разорен напад врз САД.

Содржина Во 1962 г., за време на Кубанската ракетна криза, екипа канадски војници на Арктикот откриваат урнат авион во кој се наоѓаат тројца советски војници со натчовечки способности. Канадските сили ги носат во базата за испитување од страна на владините научници, но војниците подоцна успеваат да се ослободат, убиваат многу од стационираните трупи на северот и бегаат во дивината. Педесет години подоцна, екипа составена од канадски воени лица и научници, вклучувајќи ги д-р Малро и д-р Лобокоф, ги откриваат супервојниците закопани под арктичкиот мраз. Малро ѝ објаснува на екипата дека советските војници биле генетски модифицирани од политички екстремисти за време на кризата во 1962 г. со помош на заробен нацистички научник, а нивната првобитна мисија била да извршат терористички напад врз Њујорк со цел да предизвикаат Трета светска војна. Додека ги прегледуваат телата, научниците со зачудување откриваат дека војниците се сѐ уште живи и постепено се регенерираат.

Научниците започнуваат расправа за тоа што да прават со нив, но не успеваат да постигнат договор. Малро, плашејќи се од она што војниците би можеле да го направат доколку се разбудат, се обидува да ги убие со исклучување на нивните системи за одржување во живот, но не успева. Малро е затворен поради своите постапки, но неговите стравови подоцна се оправдуваат кога војниците набрзо се будат од зимски сон и започнуваат крвопролевање во кое страдаат голем дел од воениот и научниот кадар, вклучувајќи го и Лобокоф. Преживувајќи го нападот, Малро се ослободува и тргнува по нив во дивината, каде на крајот се среќава со поранешен затвореник од народот Кри по име Тандерклауд Кардинал или „Т.Ц.“, кој се согласува да му биде водич на Малро, бидејќи татко му бил еден од ретките преживеани од првиот советски напад во 1960-тите.

Со малку напор, тие успеваат да ги следат до едно мало гратче за црпење нафта, каде тројцата војници дознале од посетител во руски стриптиз-клуб за рудник каде можат да набават избувливи средства. Малро и Т.Ц. стигнуваат до рудникот, но премногу доцна, и по грешка се уапсени за кражба на избувливото средство и убиство на рударите. Малро се обидува да го предупреди шерифот дека војниците најверојатно се обидуваат да извршат претходно програмирана воена вежба, но е игнориран. Таа ноќ, токму како што било предвидено, војниците ја креваат во воздух електричната централа на градот и продолжуваат со крвопролевање врз месните власти и полицијата. Во хаосот, Малро и Т.Ц. бегаат и ги бркаат војниците со моторна санка. По напорна потера, Малро и Т.Ц. успеваат да го намамат камионот да удри во планина. Судирот предизвикува пожар што го вклучува преостанатото избувливо средство, убивајќи двајца од војниците, но третиот војник го нема.

Малро сфаќа дека последниот супервојник е на пат да одвлече мал авион што лета за Њујорк и брза кон аеродромот. Во последен миг, Малро успева да го исфрли војникот од авионот. Двајцата се борат и по тешка борба, Малро успева да надвладее и да го убие последниот војник. Подоцна, додека тој и Т.Ц. ги кремираат остатоците на последниот војник, Малро открива дека неговата мајка била една од научниците што ги испитувале војниците во 60-тите и дека била силувана од војникот што го кремираат, што го прави Малро син на супервојникот. Тој забележува дека неговата мајка до нејзиниот последен ден била исполнета со грижа за тоа каков човек би можел да стане тој. Т.Ц. се обидува да го утеши велејќи му дека не е како неговиот татко и дека е добар човек, но на крајот Малро изјавува дека сѐ уште не е сигурен во тоа.

Улоги

| Доминик Персел || д-р Ендру Малро |- | Адам Бич || Т.Ц. Кардинал |- | Мајкл Ајронсајд || полковник Дезмонд Трамп |- | Гејбриел Хоган || замрзнат бр. 1 (главен непријател) |- | Камил Саливан || Џејн Фрејзер |- | Нику Бранзеа || Владимир Лобокоф |- | Бенц Антоан || наредник Џо Гибс |- | Андре Трикоте || замрзнат бр. 3

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Канадски филмови Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Канадски научнофантастични филмови