Malaisia scandens (синоним Trophis scandens), претставува вид на големи дрвенести лози, кои се дел од семејството црници и растат природно во дождовните шуми во Австралија и Малезија, а воедно е и еинствениот вид во родот Malaisia.

Во Австралија, тие растат природно од планината Дромедари во крајбрежниот југоисточен Нов Јужен Велс па кон север преку источните крајбрежни региони се до северен Квинсленд, полуостровот Кејп Јорк и понатаму низ крајбрежните региони на северна Австралија во Северната Територија и Западна Австралија.

Ботаничарите препознале и опишале два подвида од кои еден ендемски кој се наоѓал на островот Лорд Хау на брегот од Нов Јужен Велс, Австралија и типскиот подвид на копнена Австралија и Малезија.

Malaisia scandens megacapa – Островот Лорд Хау Malaisia scandens subsp. scandens - NSW, Qld, NT, WA

Наводи

Категорија:Флора на Тајланд Категорија:Флора на Мјанмар Категорија:Флора на Малезија Категорија:Флора на Австралија Категорија:Флора на Кина Категорија:Флора на Тајван Категорија:Црници