Стојан Лазаров Алчев (Велес, 12 март 1903 — Велес, 26 април 1969) — македонски композитор и диригент. Прв директор на Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во Велес.

Животопис Стојан Алчев е роден на 12 март 1903 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од револуционерното семејство Алчеви. Неговиот братучед, Петре Алчев, бил деец на Комунистичката партија на Југославија и градоначалник на Велес меѓу 1920-1921 година. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Продолжил со више образование во музичкото училиште „Станковиќ“ во Белград.

Во 1937 година бил назначен за професор во основното училиште за слепи деца во Земун.Општинске новине: социјална хроника (1 ноември 1937) По Народноослободителната борба се вратил во Велес. Во 1945 година, заедно со седум други претставници, се приклучил во Иницијативен одбор за основање на музичко училиште во Велес. Се вработил во Велешката гимназија „Кочо Рацин“ како професор по музичко. Алчев бил назначен за прв директор на Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“. Останал директор до 1954 година, кога се вработил во Средното музичко училиште во Скопје. Таму останал до 1962 година. Следната година повторно бил назначен за директор на „Стефан Гајдов“ и ова функција ја задржал сѐ до неговата смрт на 26 април 1969 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Родени во 1903 година Категорија:Починати во 1969 година Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски диригенти Категорија:Македонски просветители Категорија:Отомански Македонци