Ристо Ѓорѓиев Анастасов, познат по псевдонимот Монето (Велес, 19 ноември 1922 — Чашка, 2 јануари 1945) — македонски партизан и учесник во Народноослободителната борба. Деец на Комунистичката партија на Југославија и подоцна Комунистичката партија на Македонија. Дел од Осмата македонска ударна бригада и курир за ОЗНА.

Животопис Ристо Анастасов е роден на 19 ноември 1922 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Произлегува од сиромашно работничко семејство. Поради тоа стекнал само четири години основно образование и три години во вечерно училиште каде го научил молерскиот занает. За време на Априлската војна, Велес била окупирана од Бугарската војска. Анастасов бил против новиот бугарски фашистички режим, како резултат на тоа бил симпатизер на Народноослободителната борба.

Истата година се приклучил во Сојуз на комунистичката младина на Југославија. Во 1942 година се запознал со марксистичката литература и станал член на Комунистичката партија на Југославија. Меѓу 1943 и 1944 година помогнал со снабдување на Народноослободителната војска на Македонија. Во септември 1944 година, Анастасов се приклучил во Осмата македонска ударна бригада. Учествувал во ослободувачката битка на Велес. После ослободувањето на Македонија, бил повлечен од бригада и почнал да работи како курир за Одделение за заштита на народот.

При еден од неговите мисии во Чашка, Анастасов загинал во несреќа на 2 јануари 1945 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Чашка Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ