Чапаевка () – река и воедно лева притока на Волга која се наоѓа во Самарската Област, Русија и извира на падината на Сини Сирт и тече во Саратовското Езеро, во близина на Новокујбишевск, Самара.
Нејзината должина е 298 км со сливна површина од 4.310 км2, а покрај неа се наоѓа градот Чапаевск и е пловна само околу 34 км, од устието до градот Чапаевск.Чапаевка, Great Soviet Encyclopedia
Реката се полни од снег и се суши во горниот тек, а од ноември до април е замрзната.
Главни притоки се Петрушка, Ветљанка, Вјазовка.
Реката првично се викала Моча, но во 1925 година е преименувана во Чапаевка во чест на војникот од Црвената армија во Руската граѓанска војна, Василиј Чапаев.
Палеонтологија Фосилни остатоци од тријаски четириношци биле пронајдени во речниот слив, а првата местоположба на фосили била откриена во 1951 година спроти селото Горјаиновка, на десниот брег на Чапаевка.
Коски од неидентификувани Labyrinthodontia биле пронајдени во ископи, а во следните децении, во овој регион виле откриени и други фосилни наоѓалишта.
Во летото 2020 година, во клисурата што се влева во Чапаевка 800 метри североисточно од селото Ореховка, била откриена и друга локација на фосили од раниот тријаски период, составени од глини, песочници што содржат коски и конгломерати.
Рани оленекски Temnospondyli се пронадејни во речниот слив. Таму биле пронајдени черепи и десен дел од долната вилица на Benthosuchus sushkini, десниот дел од долната вилица на Thoosuchus sp. и фрагменти од вилици и ребра на неидентификувани водоземци.
Наводи
Категорија:Реки во Самарската област Категорија:Притоки на Волга Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис