Ениќој или Ново Село (, Проватас; до 1928 г. Γενή Κιόι, Јени Ќој) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле на 10 км западно од градот Сер.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Ениќој било село во Серската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Јениќој (Yéni-Keuï) имало 115 домаќинства сочинети од 220 муслимани и 80 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
Треба да се напомене дека под „Турци“ во тоа време неретко се подразбирале сите муслимани. Во овој случај, се работи за Македонци муслимани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени Ќој има 100 жители Македонци-христијани и 220 Македонци муслимани.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ениќој (Yeni-Keuy) живееле 136 Македонци егзархисти.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 520 жители, но во 1920 г. во селото е заведен само 361 жител. Во 1926 г. селото е преименувано во Проватас. Македонците муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а под притисок на властите во Бугарија се иселиле 16 христијани. Државата во довела голем број грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. Ениќој било етнички мешано село со вкупно 964 жители, од кои 829 лица (187 семејства) биле грчки колонисти, а останатите Македонци.
Во 1936 г. е удрен камен-темелникот на црквата „Св. Ѓорѓи“.
+ Месности во Ениќој преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Бизиргенкија Μπιζιργένκια Плусија Πλούσια Алчак Άλτσάκι Хамилон Χαμηλώνмесност на Ј од Ениќој и на ЈЗ од Горно Караџово; Кара Табан Καρά Ταμπάνι Патома Πάτωμα Пика Πίκα Палиорема Παληόρεμαрека на ЈЗ од Ениќој Таш Парча Τάς Παρτσά Петра Πετρα Беј Трла Μπέη Ταρλά Хорафија Χωράφια Ѓубрелик Γκεμπρελίκι Копротопос Κοπρότοποςмесност на СЗ од Ениќој
Население
Наводи
Категорија:Сер (општина)