Cerinthe minor — вид на растение од родот Cerinthe.

Опис Ова е едногодишно, двегодишно или повеќегодишно голо, тревесто растение, кое расте во висина од 20 до 60 цм. Стеблото му е вертикално или подисправено, неразгрането или разгрането, особено во горниот дел, голо, со базална розета од листови. Долните базални листови се долги 12 цм, и широки 2–2,5 цм, издолжено обратнојајцевидни, во врвниот дел заоблени, со долги лисни дршки. Средните и горните стеблени листови се 4–8 цм долги, 2–3,5 цм широки, јајцевидни широко јајцевидни, издолжено елиптични или елиптични, приседнати, со срцевидна основа го опфаќаат стеблото. Сите листови од горната странасе со бели брадавичести израстоци, од долната страна се мазни. Прицветните листови се срцевидни или елиптични, голи или по рабовите со куси влакненца. Цветовите собрани во густи, врвни и странични срповидни соцветија. Цветните дршки голи или со четинести влакненца, околу 5 мм долги, по прецветувањето се издолжуваат. Чашката формирана од 5 нееднакви, долгнавести, копјести до елиптични, затапени чашкини сегменти, по рабовите со куси влакненца. Венчето 10 до 12 мм долго, жолто, понекогаш со виолетови точки при отворот на венечната трубичка, која е цилиндрична или надуена. Венечните сегменти се линејни или копјести, исправени, зашилени, малку покуси или речиси со еднаква должина со останатиот дел од венчето. Оревчињата се јајцевидни и околу 3 мм долги, темнокафеави до црни по боја.

Подвидови

Cerinthe minor auriculata Cerinthe minor cleiostoma Cerinthe minor minor

Живеалиште Расте по суви тревести места, покрај патишта, камењари, покрај карпи, во дабови шуми, на надморска височина до 2000 метри.

Распространетост Видот се јавува повремено во Шведска, но не се размножува.

Во Македонија познат за Матка, Сува Гора, Баба Сач, Демир Хисар, клисурата на реката Радика, клисурата на реката Црн Дрим, Модрич, Струга, Вевчани, Битола, Мариово, Прилеп, Дабничка Планина, Водно, Жеден, Китка, Скопска Црна Гора, Бродец, клисурата на реката Пчиња, Демир Капија, Кавадарци, Делчево, Рашче, Битолско, Алшар, и на други места.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 97-98 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија