Здружение на книжевниците на Црна Гора (ЗКЦГ) — официјално здружение на писателите во Црна Гора, основано во 1946 година во Цетиње. Многу значајни писатели од Црна Гора се членови на ова друштво. Актуелен претседател на ЗКЦГ е Новица Ѓуриќ, кој ја презел функцијата од Илија Лакушиќ во 2015 година. Потпретседатели се Милица Краљ, Маријана Зечевиќ, Перивоје Поповиќ и Александар Ќуковиќ, а за секретар е именуван Љубисав Бјелиќ. Потпретседатели во претходното свикување на Управниот одбор биле Милица Бакрач, Милица Краљ, Перивоје Поповиќ и Веселин Ракчевиќ. Друштвото на писателите на Црна Гора ги издава списанијата Стварање, Књижевни запис и Сквер.

Поранешни претседатели Сретен Асановиќ Јанко Брајковиќ Јеврем Брковиќ Илија Лакушиќ Драган Копривица

Награди Награди на Здружението на книжевниците на Црна Гора:

Награда за животно дело „Макаријево слово“ Награда на ЗКЦГ Награда за најдобра книга на годината Награда „Марко Миљанов“ Награда „Трифун Ѓукиќ“ Видовденска повелба

Наводи

Категорија:Црногорска книжевност Категорија:Книжевни друштва Категорија:Појавено во 1946 година во Југославија