Кинеското поетско друштво (КПС) претставува национална, академска и непрофитна општествена организација во Кина која била основана на 31 мај 1987 година, под застапување на културни и литературни личности како што се Кијан Чангжао, Жу Гученг, и Жао Пучу.

Друштвото било надгледувано од Здружението на писатели на Кина и е регистрирано во Министерството за граѓански работи на Народна Република Кина.

Историја Кинеското поетско друштво официјално било основано во Пекинг на 31 мај 1987 година, а веќе во јуни 1991 година, Друштвото официјално било ставено под раководство на Здружението на писатели на Кина додека на 23 февруари 1999 година се одржал првиот состанок на Секретаријатот.

Во јуни 1991 година, Друштвото официјално било ставено под раководство на Здружението на писатели на Кина.

На 23 февруари 1999 година бил свикан првиот состанок на Секретаријатот. Од 8 до 10 декември 2004 година, во Пекинг се одржал Вториот национален конгрес на членовите. На 28 септември 2005 година, се одржал вториот состанок на Постојаниот совет (втор мандат) во Бинџоу, Шандонг. На 20 септември 2006 година се одржал третиот состанок на Постојаниот совет (втор мандат) во Џинченг, Шанкси. Од 20 до 21 август 2015 година, во Пекинг се одржал Четвртиот национален конгрес на членовите. На 16 октомври 2016 година, се одржал вториот состанок на Постојаниот совет (четврт мандат) во округот Ју, Хунан. На 30 ноември 2020 година бил свикан Петтиот национален конгрес на членовите.

Наводи

Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Поетски организации Категорија:Книжевни друштва