Gentiana acaulis е вид цветно растение од семејството линцури, Gentianaceae, по потекло од централна и јужна Европа, од Шпанија источно до Балканот, расте особено во планинските региони, како што се Алпите и Пиринеите, на надморски височини од 800-3000 метри.

Опис Тоа е повеќегодишно растение, кое расте до висина од 10 см. Листовите можат да бидат копјести, елиптични, и секогаш се зимзелени, 2–3,5 см долги, во базална розета. Терминалните цветови во форма на труба се сини со маслинесто-зелени точки. Тие растат на многу кратко стебло, 3–6 см. Цветното стебло често е без лисја, или има 1 или 2 пара лисја. Сака целосно сонце, е целосно отпорно и цвета кон крајот на пролетта и летото.

Ова растение, како и другите од својот род, е ценето во одгледувањето поради необично чистата интензивна сина боја на своите цветови. Ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.

Филогенеза Филогенетските истражувања сугерираат дека G. acaulis е сестра на клад што содржи 4 други видови линцури: G. verna, G. bavarica, Gentiana nivalis и Gentiana utriculosa.

Во Македонија Во Македонија расте по високопланинските пасишта и камењари, над 2000 м. Познат е за Пелистер, Големо Езеро, Караџица, а се посочува дека е најден на југ до Ниџе.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 37 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во културата На предната страна на австриските монети од 0,01 евро може да се види приказ на цвет од ова растение.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Алпите Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија