Ел Сомбрерон — легендарен лик од една од најпознатите легенди на Гватемала, раскажана во книги и филмови. Ел Сомбрерон е исто така и баучна фигура во Мексико.
Овој лик е познат и со други имиња, како Ципитио, гоблинот, а понекогаш и Цизимит, неговите главни карактеристики се секогаш исти: висок човек со црна фустан, дебел и брилијантен појас; носи црна, голема шапка и чизми кои прават многу бучава кога оди.
Тој сака да јава коњи и да им ги плете опашките и гривите. Кога не може да најде коњи, ги плете косите на кучињата. Исто така, сака да им се додворува на млади дами кои имаат долга коса и големи очи. Кога му се допаѓа некоја, тој ја следи, ѝ ја плете косата и ѝ пее серенади со својата сребрена гитара; но исто така става земја во нејзината чинија и таа не може да јаде ниту да спие.
Ел Сомбрерон се појавува во самрак, влечејќи група мазги што носат јаглен, со кои патува низ градот и неговите населби. Кога жената одговара на неговата љубов, тој ги врзува мазгите за столбот на куќата каде што живее таа, ја откачува неговата гитара и почнува да пее и танцува. Некои жители од населбите Ла Реколесион и Парокија Виеха велат дека тој сè уште талка ноќе кога има полна месечина.
Ел Сомбрерон е една од најважните легенди на Гватемала, заедно со Ла Јорона, Кадехо и Сигуанаба.
Легенда Во населбата Ла Реколесион живеела млада жена по име Сузана, ќерка на жена која поседувала продавница. Сузана била многу убава девојка, со долга коса и големи лешникови очи.
Една ноќ, кога имало полна месечина, таа била на балконот восхитувајќи се на небото. Одеднаш, ѝ се приближил низок лик со голема шапка и гитара. Нејзината убавина го воодушевила. Тој почнал да ѝ пее песна, но во тој момент нејзините родители откриле дека е надвор и ја натерале да се врати во куќата. Од тој ден, таа повеќе не можела да спие бидејќи овој лик се појавувал во куќата или ѝ пеел од улица. Не можела ниту да јаде, бидејќи секој пат кога ѝ служеле храна, таа била загадена со земја.
Загрижени, нејзините родители ѝ ја исекле косата и ја однеле во црква за свештеникот да стави света вода врз неа и да се помоли за неа. Неколку дена подоцна, Ел Сомбрерон престанал да ја вознемирува.
Традиционално, легендата им советува на тинејџерките да ги зачуваат колективните вредности на општеството.¿Creés en las leyendas? , by Luisa Pérez, Prensa Libre (Guatemala), 17 Apr 2005
Културно влијание „Легендата за Ел Сомбрерон“ е насловот на еден од кратките раскази во збирката Легенди на Гватемала од 1930 год, на гватемалскиот добитник на Нобелова награда Мигел Анхел Астуријас.
Во 1950 год, „Ел Сомбрерон“ станал тема на истоимен филм, еден од првите филмови снимени во Гватемала.
Наводи
Категорија:Мексиканска митологија Категорија:Северноамериканска митологија