Баница (, Кариес; до 1922 г. Μπάνιτσα, БаницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπάνιτσα -- Καρυαί) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото уништување во Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.

Географија Остатоците од селото се наоѓаат 20 км северно од градот Сер, во падините на планината Шарлија. Низ нив тече реката Серовица, која месно се нарекува Фратска Река, по соседното село Фраштани.

Историја Јордан Иванов пренесува предание според кое првобитното село било уништено од чума, а потоа обновено од Македонци од соседните села и од Арнаути. Околу селото имало многу рушевини во месностите Калата, Градиште и Карпаче. На еден час северезападно имало остатоци од стара црква.

Сè до средината на XIX век жителите на Баница се занимавале со промивање на магнетитен песок. Со замирањето на железарството во втората половина на векот селаните почнале да се заминаваат со изработка на дрвен јаглен, кој го продавале во Сер.Иванов, Йордан Н. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 20.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баница (Banitsa) имала 101 домаќинство со 330 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 116 – 117.

Во 1877 г. во Баница имало унијатска црква, во која служеле свештениците Димитар Ламашев и Захариј Запрев.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Баница:

Во неговите таблици Верковиќ ја обележал Баница како село со 131 македонска куќа.Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 228 – 229.

Кон крајот на векот во селото активно работела грчката пропаганда. Во 1891 г. Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Баницакол и вели:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Баница живееле 840 Македонци христијани.

Во селото лесно продрела и бугарската пропаганда. На почетокот на векот сето село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1.080 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 198 – 199.

Кај селото на 4 мај 1903 г. се одиграла битка помеѓу единиците на МРО и турската полиција во која загинал националниот херој Гоце Делчев. Жителите на Баница зеле активно учество во Илинденското востание, поради што турската војска во одмазда го бомбардирала со топови, потоа запалила 88 куќи во селото, и единствено преживела црквата.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 141. Изгореле пет селани, четворица биле убиени, а 24 ставени во затвор.

Во 1910 г. според училишниот инспектор на Бугарската егзархија во Сер, Константин Георгиев, во Баница работело бугарско училиште со учител Б. Христов и вкупно 30 ученици (27 машки и 3 женски).

При избувањето на Првата балканска војна во 1912 г. деветмина баничани се пријавиле за доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 828. Истата година селото е окупирано од бугарската војска, кога во него се избројани 160 куќи. Сепак, во Втората балканска војна во 1913 г. Баница била сосема разорена и изгорена од грчката војска; еден дел од жителите биле ликвидирани, а други пребегале во Пиринска Македонија, со што селото било целосно напуштено.Иванов, Йордан. Населението в югоизточна Македония (Серско, Драмско и Кавалско), София, 1917, стр. 22 – 23. Пребегнатите баничани се населиле во Мехомија (Разлог), Бачево, Неврокоп (Г. Делчев), Свети Врач (Сандански) и на други места. Во 1922 г. властите го преименувале селото во Кариес. По 1919 г. дел од унијатските жители на селото се заселиле покрај Станица Левуново, каде го основале селото Делчево, денес наречено Ново Делчево. Дел од населението подоцна се повратило во Баница, така што во 1920 г. селото броело 170 жители. Поради притисоците на грчките власти, во 1924 г. од Баница се иселиле 54 жители, поради што во 1928 г. во неа останале 95 лица. Малку подоцна и преостанатите жители биле истерани од разореното село, и истото било отпишано.

Денес селото е напуштено и е во рушевини. Единствената зачувана граба е камбанаријата, изградена во 1883 г. на која стои натпис на месниот серски дијалект со името на нејзиниот градител — „Мастора Георги Диму[в] Жиљув“. Останат е и источниот ѕид на црквата со апсидата, на кој јасно се познаваат остатоци од живописот. До црковниот олтар се наоѓал првиот гроб на Гоце Делчев.

Во јуни 2015 г. на ѕидот на камбанаријата е поставена спомен-плоча на Гоце Делчев од бугарскиот политичар Костадин Костадинов и група следбеници.

Личности Родени во Баница Никола Мутафчиев, наречен Кољо Баницалијата (? – 1944) — револуционер на МРО, ги чувал останките на Гоце Делчев до 1917 г. Починал во Горна ЏумајаНиколов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр. 54 Стефан (? – 1907) — револуионер на МРО, серски окружен војвода од март 1907 г. на местото на убиениот Ташко. Во април 1907 г. загинал во бој со турски аскерНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 156. Стојан Захариев — четник на ВМОРО, загинал со Гоце Делчев во Битката кај Баница на 4 мај 1903 г.Мичев. Д. Македонският въпрос и българо-югославските отношения – 9 септември 1944 – 1949, Издателство: СУ Св. Кл. Охридски, 1992, стр. 91.

Починати во Баница Гоце Делчев (1872 – 1903) — македонски национален херој, водач и идеолог на МРО; загинал во Битката кај Баница Димитар Гуштанов (1876 – 1903) — револуционер на МРО, загинал со Гоце Делчев во Битката кај Баница на 4 мај 1903 г. Димитар Поп-Јанков — четник на МРО, загинал со Гоце Делчев во Битката кај Баница на 4 мај 1903 г. Кирил Коларов (1885 – 1916) — новинар во Бугарија, загинат во Првата светска војна Пејо Гарвалов (1876 – 1907) — драмски војвода на МРО дојден од Бугарија; загинал во борба со турскиот аскер Стефан Духов Трлишанчето — четник на МРО, загинал со Гоце Делчев во Битката кај Баница на 4 мај 1903 г. Стојан Захариев — четник на МРО, загинал со Гоце Делчев во Битката кај Баница на 4 мај 1903 г.

Поврзано Шарлија Битка кај Баница Турски документи за убиството на Гоце Делчев

Наводи

Надворешни врски

</ref>

Категорија:Баница (Серско)